За роденденот најмногу и се радуваат на новогодишната елка и подароците.

Денеска нивниот роденден го одбележаа до елката на клиниката за детски болести.

Не земаа подароци, туку им донесоа на бебињата кои предвреме се родени. И Никола и Николија животот го почнаа на оваа клиника во инкубатор.

Мајката Дина благодарна на персоналот за грижата и негата. Верува дека куќната слава Свети Никола и ја дал силата да ги помине деновите на неизвесност.

Децата заедно со сестра Монира ги поделија подароците на бебињата. На клиниката вработените се најсреќни, кога бебињата родени со помалку од два килограма кога ќе пораснат доаѓаат да ги поздрават.  

Денеска се одбележува Свети Никола за верниците е чудотворец, заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците. Во неговата моќ веруваат и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција.

Никола и Николија се горди на своите имиња и иако мали знаат дека добриот Свети Никола заедно со вработените на интензивната нега, ги чувал.

Датум на објава: понеделник, 19 декември 2016 во 14:34
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 13:58

коментари

остави коментар