Родителите на Џејдон и Анајас беа пред тешка одлука и мораа да се соочат со ризиците од операцијата. Никој не знаеше со сигурност да каже дали двете деца ќе ја поднесат операцијата и дали ќе закрепнат како што треба. Но се случи чудо. Без никаков проблем прво закрепнуваше Анајас, а неговиот брат имаше тешка инфекција, но сега и Џејдон е добар!

По само 6 недели децата се преместени од болницата на клиника за рехабилитација.

- Историски, ова е најбрзото заздравувањ е - изјави нивниот лекар д-р Џејмс Гудрих за Си Ен Ен.

Фотографијата ги покажува децата кога за прв пат се виделе еден со друг.

- Тие само се гледаа и молчеа. Беше извонредно. Мислам дека се препознаа по звукот. Никогаш претходно не се виделе - вели нивната баба Кристин.

twins-2


На двете деца им се извадени завоите, а нивната мајка Никол Мекдоналд, која постојано беше позитивна, е пресреќна.


- Моето срце треба уште да порасне да ја собере љубовта што ја чувствувам а вас двајцата - напиша Никол на Фејсбук и постави снимка од 14 секунди на која нејзините синови весело си комуницираат и се доприраат со рачињата!






/извор: hellomagazine.com

Датум на објава: среда, 14 декември 2016 во 12:39
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:46

коментари

остави коментар