„Присвојувањето имиња, што значи иредентизам и го прекршува европското право и поради тоа нема шанси нашата соседна земја да се интегрира во Европската унија, бидејќи не ги исполнуваат ниту предусловите на институциалните права на ЕУ. Јасно го кажуваме тоа затоа што сакаме добрососедство и пријателство. Но, тоа поминува низ почитувањето на историјата и на инситуциите на самата Европа.“ – порачал, според грчката новинска агенција, претседателот на Грција од Воден каде што беше прогласен за почесен граѓанин.

Паралелно со новите напади кон нашата земја, Павлопулос во обраќањето неколку пати повтори дека градот е историски поврзан со грчкиот карактер на Македонија, но одбра интересен  (и помалку контрадикторен начин во однос на претходните тврдења), на присутните да им објасни што значи зборот Едеса, односно грчкото име на Воден.

„Едеса (Воден) е град на водата со 12те нејзини водопади кои течат стабилно и без прекин како и нејзината историја. Оттука е и фригискиот корен на името што значи „кула“ или „град во вода“ што доаѓа од подоцнежното паралелно име „Водена“, од словенскиот збор „вода“. “ – рече Павлопулос.

Новите остри пораки од грчкиот претседател пак, доаѓаат во период кога Македонија и Грција интензивно работат на мерките за градење доверба и подобрување на климата меѓу двете земји.

Датум на објава: вторник, 18 октомври 2016 во 13:13
Сања Ристовска
Обновено во: 15:49

коментари

остави коментар