Остри тонови на говорницата во Њујорк упати претседателот Ѓорге Иванов потенцирајќи дека Европската унија  во последниов период се покажа како организација  која не може да ги решава кризите, алудирајќи дека политичката криза во Македонија  трае две години. 

На Генералното собрание во Обединетите нации, Иванов рече дека е горд што и покрај пасивноста на повеќето земји, Македонија успешно се справи со мигрантскиот бран. Претседателот најави дека  во исчекување се нов бран на бегалци овој пат бројката е неколку милиони..

Горд сум што сум Македонец и овде во Обединетите нации говорам на македонски јазик. Иванов искажа разочараност што веќе пет години членките не ја почитуваат пресудата на меѓународниот суд на правдата. Иванов  го повика грчкиот премиер Ципрас да дојде во посета за време на самитот Брдо Бриони,  кој следната година ќе се одржи кај нас.

За македонските предизвици Иванов доцна вечерва  ќе зборува со генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун.  И покрај многуте ветувања Бан ки Мун својот мандат го завршува без успех за македонско грчкиот спор. 


Датум на објава: петок, 23 септември 2016 во 14:22
Ѓорѓи Томиќ
Обновено во: 14:24

коментари

остави коментар