Сепак  нема да биде реализиран претходно планираниот перформанс на режисерот Мартин Кочовски, кој го режираше и свеченото отворање на фестивалот, а кое поради голотијата на сцената предизвика многу реакции.

По ова авторите обвинија за цензура. Но директорот на Фестивалот Благоја Куновски-Доре вели дека фестивалот нe ја ограничува слободата на атрактивниот израз, туку причина за откажувањето е тоа што авторите на перформансот планирале да употребат неколку килограми праски, сливи, дињи и мед, за чие расчистување од сцената е потребно време.

,,Концептот кој беше планиран за перформансот во траење од 5 минути во рамките на програмата за свечено затворање на фестивалот, односно планот на авторите на сцената да остават отпад од неколку килограми праски, сливи, дињи и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво, а за кои за да се расчистат од сцената е потребно време со кое се оддолжува почетокот на церемонијалот за доделување на наградите за најдобрите кинематографери на годинaшниот фестивал. Со цел да се избегне ова оддолжување на свеченото затворање за минимум 20 минути потребни за чистење на сметот од сцената и поставување систем на озвучување, ние одлучивме да го откажеме перформансот, истакна Куновски. Концептот кој беше планиран за перформансот во траење од 5 минути во рамките на програмата за свечено затворање на фестивалот, односно планот на авторите на сцената да остават отпад од неколку килограми праски, сливи, дињи и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво, а за кои за да се расчистат од сцената е потребно време со кое се оддолжува почетокот на церемонијалот за доделување на наградите за најдобрите кинематографери на годинaшниот фестивал. Со цел да се избегне ова оддолжување на свеченото затворање за минимум 20 минути потребни за чистење на сметот од сцената и поставување систем на озвучување, ние одлучивме да го откажеме перформансот, истакна Куновски.,,-вели Благоја Куновски Доре-директор на фестивалот ,,Браќа Манаки,,    
                                                               
Вечерва фестивалот се затвора со филмот ,,Златна Петорка,, во кој главен мотив е парадоксалниот настан од 1951 година кога се ликвидирани петмина студенти од Струмица.

Вечерва ќе бидат доделени и наградите Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. 


Датум на објава: сабота, 17 септември 2016 во 14:25
Анета Шијакова
Обновено во: 15:22

коментари

остави коментар