- За време  на средбата двајцата министри ја истакнаа извонредната соработка меѓу Македонија и Унгарија на сите полиња, особено во делот на економијата, поради што кон крајот на годината се очекува да биде пуштена директна авионска линија Скопје-Будимпешта-Скопје. Сијарто го информираше министерот Кучи дека унгарската Ексим банка ќе додели кредит во висина од 70 милиони евра за малите и средните компании, каде што ќе можат да аплицираат и компаниите од Македонија, соопшти Министерството за економија.

Сијарто го поканил Кучи во Будимпешта, каде на 8-ми и 9 септември се одржува енергетска конференција за земјите од Централна и Југоисточна Европа. 

Датум на објава: вторник, 06 септември 2016 во 16:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:54

коментари

остави коментар