Стартот на релито е во 10:00 часот од плоштад Македонија, а ќе се движат во продолжение по ул. „11 Октомври“ лево бул. „Кочо Рацин“, десно по бул. „Гоце Делчев“, по бул. „Александар Македонски“ излез од Скопје – према Куманово.

Учесниците во релито, соопшти денеска СВР-Скопје, в недела ќе пристигнат на влезот на Скопје кај Мост Сарај и ќе се движат по ул. „Ѓорче Петров„ бул. „Партизнаски одреди“, ул. „Никола Парапунов“, бул. „Илинден“, бул. „Гоце Делчев“, ул. „Филип Фтори Македонски“, ул. „Васил Аџилатски“ и ул. „11 Октомври“ околу 15:30 мин ќе пристигнат на плоштад Македонија.

Во сабота со почеток во 17:30 во спортскиот центар Јане Сандански во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и Лаевик од Норвешка.

Со почеток во 20.00 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“, групата Сами Јусуф од Лондон ќе одржи концерт.

Од денеска, како и во текот на викендот со почеток во 19:00 часот на Скопското Кале ќе се одржи фестивалот на пивото „Пиволенд“. Од СВР - Скопје посочуваат дека се очекува присуство на поголем број граѓани, од овие причини, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. По потреба физичка регулација и пренасочување на сообраќајот, особено ќе се следи состојбата на сообраќајот на ул. „Самоилова“ и ќе се преземаат соодветни мерки.

Од СВР - Скопје апелираат до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на фестивалот на пивото „Пиволенд“ со сопствени возила, да ги паркираат на паркинг просторите во централното градско подрачје или на паркинг просторот на ул.Лазар Личеноски” под тврдината Кале. /МИА

Датум на објава: петок, 02 септември 2016 во 10:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:14

коментари

остави коментар