Полицијата преку мегафони ги предупредила граѓаните да се евакуираат „од безбедносни причини“ од градот Каркамиш, на кој биле истрелани две минофрлачки гранати од територијата на Сирија, пренесе АФП.

Медиумите исто така пренесоа дека сириските бунтовници кои ги поддржува Анкара се подготвуваат за голема офанзива за да го повратат Џарабулус од рацете на џихадистите.

Истовремено, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција ќе пружи секаков вид поддршка на операциите против џихадистите на исламската држава од Сирија и Ирак, вклучувајќи и можна офанзива на Џарабулус кој е под контрола на ИД. 

Датум на објава: среда, 24 август 2016 во 09:00
Соња Поповска Петрушевска

коментари

остави коментар