На  11.03.2013 година, околу 20 часот, при делумна контрола на  товарен воз што сообраќал на релација Грција – Австрија,  во контејнер со церада натоварен со челична жица за автомобилски гуми, пронајдени се осум патници - илегални мигранти, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Според нивните изјави сите се државјани на Сирија, а намерата им била да стигнат до некоја западноевропска земја. 
        
Мигрантите се предадени на Службата за гранична контрола на железничката станица Гевгелија за понатамошна постапка.
 
Само во текот на измината недела царинските службеници спречија 21 нелегални мигранти во нивната намера да отпатуваат во Европа, а од почетокот на годината вкупно се спречени десетина обиди за нелегален влез на патници во Република Македонија, при што се откриени 66 илегални мигранти, најчесто државјани на африкански земји и Сирија. Сите се обиделе да стигнат до некоја од западноевропските земји, а најголемиот дел се пронајдени во контејнери натоварени на товарни возови, што сообраќале на релација Грција-Австрија - известија од Царина.
 

Датум на објава: вторник, 12 март 2013 во 13:03
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:25

коментари

остави коментар