Делегации на најблиските на загинатите, на соборците, на здруженија, на локалната самоуправа и граѓани, од 18 часот пред спомен-бележјето во касарната ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пре споменот на загнатите: Сашко Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Ќе биде посетена и спомен-собата во кругот на касарната.

Вечер од 19 часот цвеќе ќе биде положено на споменикот во селото Лениште, а во манастирот „Света Петка“ ќе се одржи вечерна богослужба.

Утре во 6 часот наутро делегација на блиските, соборци и од локалната самоуправа ќе тргне на месноста Карпалак, каде пред 15 години во заседа беше нападнат воениот конвој кога загинаа 10-те прилепски бранители.

Од 7.30 часот ќе бидат посетени гробовите на загинатите бранители во Прилеп и ќе биде поставен јарбол со државното знаме. Во 10 часот во црквата „Света Петка“ во населбата Точила ќе се одржи панихида, а од 12.30 часот ќе биде одбележувањето на годшнината пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. /МИА

Датум на објава: недела, 07 август 2016 во 10:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар