Од почетокот на годината, Лика во Собранието се појавил само еднаш. Неговиот лидер  Али Ахмети пак доага само кога  треба да се изгласа распуштање или пак доверба на Влада. Последен пат во собраниските клупи е виден пред два - три месеци, кога се гласаше за распуштање на Парламентот.

Лидерот пак на ДПА Мендух Тачи од почетокот на годината во собраниските клупи не седнал ниту еднаш. Тој е меѓу  пратениците со најдолг стаж , но влегува во собраниската сала Македонија само кога се верификуваат пратеничките мандати по секои парламентарни избори. Има и такви пратеници кои сраснале со собраниските фотелји.

Од јануари до јуни оваа година воопшто не отсустувале 34 пратеници, меѓу нив се спикерот Трајко Вељановски, Андон Чибишев и Даниела Рангелова, Драган Данев, Светлана Јакимовска, Илија Димовски, Магдалена Манаскова  од ВМРО-ДПМНЕ, во класата на најредовни се и Беким Фазлиу од ДПА, Рафиз Алити од ДУИ,  Лидија Димова, Стефан Богоев, Марјанчо Николов, Горан Сугаревски од СДСМ.   Со ваква редовност со ниту еден изостанок, туку со половина од 69-те одржани собраниски седници  не можат да се пофалат  Амди Бајрам од партијата на Ромите, и Ермира Мехмети од ДУИ.

Тие присуствувале само половина од седниците. Во нивната графа  за присутност,   стојат бројките 28 и 29. 

Најчесто дискутирале социјалдемократите  Сугаревски, Николов и Тунтев пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Димовски и Илиоски. Најмногу  пратенички прашања поставила  Нора Алити од ДУИ.

За шест месеци, четири пратенички прашања, но прашувале и Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ и Томислав Тунтев од СДСМ. За шест месеци пратениците изгласале 289 закони.


Датум на објава: среда, 27 јули 2016 во 15:22
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:24

коментари

остави коментар