Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 32 до 39  степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 39 степени.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено повеќе во северните делови на земјава. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува претежно облачно, ветровито и доста свежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата.

Датум на објава: среда, 13 јули 2016 во 17:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар