Изложени конзервираните фрески од опожарената црква во битолското Долно Егри

По повод Меѓународниот ден за заштита на културното наследство битолскиот Завод и музеј постави изложба од конзервирани фрески од црквата Св.Петка во с. Долно Егри која минатата година беше зафатена од голем пожар и изгоре речиси до темели.