понеделник, 18 декември 2017 - Новогодишен концерт на „Танец“ во МОБ
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечерва на големата сцена на Македонската опера и балет ќе го одржи својот 68. традиционален новогодишен концерт.
 
понеделник, 18 декември 2017 - Награда на фестивал во Црна Гора за филмот „Езеро од јаболка“
Филмската приказна „Езеро од јаболка“ е прогласен за најдобар филм во категоријата „Екологија“ на меѓународниот филмски фестивал Green Montenegro International Film Fest (GMIFF), кој од 14 до 16 декември се одржа во Црна Гора.
 
понеделник, 18 декември 2017 - Рецитал на виолинистот Олег Кондратенко
Македонскиот виолинист Олег Кондратенко вечер ќе одржи рецитал во камерната сала на Македонската филхармонија, каде ќе настапи со пијанистката Марија Ѓошевска, која освен на пијано, ќе свири и на чембало.
 
понеделник, 18 декември 2017 - Изложба на документи и фотографии „Русите во Македонија (1920-1940)
Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност вечер ќе биде отворена изложба на документи и фотографии „Русите во Македонија (1920-1940)“.
 
недела, 17 декември 2017 - Промоција на книгата „Архиви на насилство“ и предавање на Милевска на фестивалот КРИК
Во рамки на програмата на КРИК фестивалот за критичка култура, кој се одржува во Музејот на современа уметност, синоќа беше промовирано изданието „Архиви на насилството“, а предавање одржа Сузана Милевска, теоретичарка на културата.
 
недела, 17 декември 2017 - „Хармс“ ја освои наградата „Златен рез“ на „Синематик“
Руската монтажерка Татјана Кузмичова, која е потпишана на руско-македонско-литванската копродукција „Хармс“, ја доби наградата „Златен рез“ на второто издание на фестивалот на филмската монтажа „Синематик“ во Скопје.
 
сабота, 16 декември 2017 - Прилепските археолози бараат продолжување на истражувањата во Стибера и Трескавец
Оваа година, прилепскиот „Завод и музеј“ работеше на четири археолошки наоѓалишта во Прилепскиот регион, а преку Институтот за старословенска култура, археологот Бранко Ристески ги спроведуваше повеќегодишните археолошки истражувања на комплексот Трескавец.
 
сабота, 16 декември 2017 - Стоп за реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид
Ќе биде стопирана реконструкцијата Алипашината џамија во Охрид. Министерот за култура Алаѓозоски после бурните реакции најави стопирање и ревидирање на проектот.
 
сабота, 16 декември 2017 - Пронајден е рударски град од античко време
Пронајден е Марчово, најголемиот рударски град во Македонија од античко и времето на среден век.
 
петок, 15 декември 2017 - Во Прилеп творена изложба на уметникот Андреј Миневски
Вечерва во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата на уметникот Андреј Миневски од Скопје.
 
петок, 15 декември 2017 - Министерство за култура: За квалитетни филмски проекти можеме да го зголемиме буџетот
По денешниот протест на филмските работници, Министерството за култура соопшти дека има целосно разбирање за нивните барања и оцени дека протестот е резултат на повеќегодишното отсуство на слух за нив.
 
петок, 15 декември 2017 - Протест на филмските работници , од министерството за култура ги разбираат нивните барања
Со барање за поголем буџет, филмските работници излегоа на протест пред министерството за култура.
 
четврток, 14 декември 2017 - Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија и седум студенти од Факултетот за музичка уметност-Скопје.
 
четврток, 14 декември 2017 - Почнува Меѓународниот фестивал на филмска монтажа
Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот ќе биде отворен Меѓународниот фестивал на филмска монтажа „Синематик“ кој го организира Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ-соработници на Македонија со поддршка од Агенцијата за филм. Фестивалот ќе биде отворен со македонска премиера на албанско-италијанско-македонската копродукција „Скршено“ (Broken) во режија на Едмонд Будина.
 
среда, 13 декември 2017 - Македонската естрада обединета од „Вечниот Бог“
Најпознатите пејачи од македонската поп естрада, деновиве, обединети во студиото на Ивица Јанкуловски, решија во пресрет на Бадник и Божик да не' изненадат со освежена верзија на најпознатата божикна песна во православниот свет - „Вечниот Бог“.
 
среда, 13 декември 2017 - Литературен час за браќата Миладиновци
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе организира Литературен час посветен на животот и делото на браќата Миладиновци.
 
вторник, 12 декември 2017 - Награда за Балетот на МОБ на фестивал во Италија
Балетот на Македонската опера и балет ја доби престижната награда „Златна Оревокршачка“ 2017 (Lo Schiaccianoci d’Oro” 2017) на меѓународниот фестивал за танц во Рим.
 
вторник, 12 декември 2017 - Алаѓозовски: Формирање албански државен ансамбл во согласност со концептот за едно општество
Проектот за создавање албански државен ансамбл за песни и ора ќе се реализира во наредниот период и за тоа се обезбедени пари во буџетот.
 
вторник, 12 декември 2017 - Мартинките станаа светско културно наследство
„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт - Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално културно наследство и се впишаа во репрезентативната листа на УНЕСКО.
 
вторник, 12 декември 2017 - Новогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар
Градскиот дувачки оркестар вечер од 19 часот во Дансинг салата на Младинскиот културен центар ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.
 
вторник, 12 декември 2017 - Концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници
Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржи предновогодишен џез-концерт насловен „Baby It’s Cold Outside“.
 
недела, 10 декември 2017 - Соло рецитал на виолинистот Бојан Илкоски
Во камерната сала на Македонската филхармонија утревечер соло рецитал ќе одржи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени капитални дела од опусот за соло виолина, дела од Ј.С. Бах, Н. Паганини и Е.Изаи.
 
сабота, 09 декември 2017 - Министерство за култура: Издавањето на бесплатната електронска верзија на Правописот уредено со договор
Министерството за култура денеска соопшти дека објавувањето на бесплатната електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик е уредено со договор, потпишан меѓу Националната и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ и авторите, преку нивниот полономошник и член на редакцијата, професорот д-р Живко Цветковски.
 
сабота, 09 декември 2017 - Две најпрестижни словачки награди за Звонко Танески
Највисоката словачка државна награда „Павол Орсаг Хвиездослав“ за преводи од словачката книжевност во светот (на странски јазици) за 2017 година му беше врачена на Звонко Танески, книжевен преведувач, поет, критичар, научник, есеист, антологичар, уредник и професор на Катедрата за словенски филологии при Филозофскиот факултет на државниот универзитетот „Коменски“ во Братислава.
 
сабота, 09 декември 2017 - Јанешлиева-Бачварска на уметничкото биенале „Папермаде” во Италија
Ликовната уметница Славица Јанешлиева-Бачварска на покана од кураторката Валерија Бертесинана како претставник од Македонија ќе учествува на Третото меѓународно уметничко биенале „Папермаде”, кое од денеска до 25 март 2018 година, се одржува во Палатата Фогацаро, во градот Скио, Виченца, Италија.
 
петок, 08 декември 2017 - Познат е купувачот на сликата на Да Винчи за 450 милиони долари
Сликата стара половина милениум , која беше продадена на аукција за неверојатни 450 милиони долари е сместена во новиот музеј Лувр Абу Даби.
 
петок, 08 декември 2017 - Жан-Патрик Конрад добитник на Светската награда за хуманизам за 2018 година
Жан-Патрик Конрад, професор на „Империал“ колеџот од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите е добитникот на Светската награда за хуманизам за 2018 година што ја доделува Охридската академија на хуманизмот во чест и слава на Свети Климент Охридски.
 
петок, 08 декември 2017 - Античките резби ги привлекоа Германските научници во Штип
Германски научници во Штип ги привлекоа дрворезбите стари над десетина векови.
 
петок, 08 декември 2017 - Мите Грозданов - „50 години професионализам и 63 години аматеризам“
Кинотека на Македонија го прославува јубилејот на доајенот на македонското актерство Мите Грозданов. Тој навршува 50 години професионализам, и 63 години аматеризам.
 
петок, 08 декември 2017 - Прв фестивал за краток филм „Drim Short“ во Струга
Од денеска до 10 декември во Струга ќе се одржува прво издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“, под слоганот „Дајте ми добра приказна, а реалноста ќе ја следи!“
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24