недела, 23 април 2017 - Павлески: Деблокада на парламентот за да се закажат локалните избори
СДСМ на прес-конференција побара да се деблокира работата на парламентот за да може да се избере нов собраниски претседател кој ќе ги закаже локалните избори.
 
недела, 23 април 2017 - На терен комисиите за проценка на штетите врз овошните и лозови насади
По вчерашната вонредна владина седница денеска на терен излегоа комисиите за проценка на штетите врз овошните и лозовите насади, кои настрадаа поради ниските температури.
 
недела, 23 април 2017 - Поларниот студ ги уништи ларвите на инсектите и крлежите
Поларниот студ и четири месечниот сув период буквално ги десеткува ларвите на инсектите, посебно на комарците и крлежите, тврдат експертите.
 
недела, 23 април 2017 - Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
Нови 72 милиони евра за евтини кредити.
 
недела, 23 април 2017 - Продолжува обновата на старите автентични куќи
Продолжува обновата на старите автентични градски куќи во охридско струшкиот регион.
 
недела, 23 април 2017 - Реакции на провокативната изјава на дебарскиот градоначалник Лата
Осуди за изјавата на дебарскиот градоначалник, Ружди Лата кој вели дека крвта и душата на Албанците е во Тирана, а Дебар полека станува тиранска населба.
 
недела, 23 април 2017 - Гевгеличани гласаат на референдум
Гевгеличани денес на референдум.
 
недела, 23 април 2017 - „Гранит“ и „Бетон“’ ќе го градат новиот Клинички центар во Скопје
Новиот Клинички центар во Скопје ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании Гранит и Бетон, во соработка со италијанската компанија ИНСО системи.
 
недела, 23 април 2017 - СДСМ: Ја осудуваме изјавата на градоначалникот Лата
СДСМ преку пишано соопштение до медиумите соопштува дека ја осудува изјавата на градоначалникот на Дебар Ружди Лата, што, според нив, оди во прилог на поттикнувачите на поделби и нетрпеливост.
 
недела, 23 април 2017 - Тетовец починал во превртено БМВ на автопатот Скопје - Тетово
Александар Д.(40) од Тетово утрово во засега точно неутрвдено време починал по сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Скопје – Тетово на еден километар од бензинската пумпа Седум Браќа, информираше Дејана Недељковиќ од секторот за информирање на МВР.
 
недела, 23 април 2017 - Работник почина по пад од триметарска платформа
Работник при пад од триметарска платформа во Виница вчера се здобил со тешки телесни повреди, на кои им подлегнал во Ургентниот центар во Скопје.
 
недела, 23 април 2017 - Разбојништво на автобуската постројка кај стоковната куќа на булеварот „Гоце Делчев“
Четири лица синоќа на автобуската постројка кај стоковната куќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје извршиле развојништво.
 
недела, 23 април 2017 - Физички нападната вработена во трафика во Велес
Две лица физички нападнале вработена во трафика во Велес, сакајќи да ја ограбат.
 
недела, 23 април 2017 - Повреден пешак во сообраќајка во Тетово
Момче на возраст од 17 години од гостиварското село Ѓурѓевиште се здобило со скршеница на клучната коска откако минатата ноќ врз него додека одел пешки налетало и го удрило возило „Смарт“ управувано од С.Ш.(22) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
 
недела, 23 април 2017 - Ограбени црквите во манастирскиот комплекс во Лешок
Околу 60 илјади денари биле одземени од двте цркви во манастирскиот коплекс во Лешок во текот на изминатата недела за што се сомничат четири лица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоивски.
 
недела, 23 април 2017 - Без струја дел од Карпош, утре дел од Центар
Дел од корисниците од Момин Поток и хотел „Вергина“ во општина Карпош денеска од 8 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
 
недела, 23 април 2017 - Принцезата од Тајланд во посета на Македонија
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, престојува во дводневна посета на Македонија.
 
недела, 23 април 2017 - СДСМ: Мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира во разумен момент
СДСМ денеска во соопштение посочува дека парламентарното мнозинство постапува мудро за да ги заштити државата и граѓаните и оти ќе ја реализираат мнозинската волја во разумен момент.
 
недела, 23 април 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека народот на 11 декември не гласал за бинационална држава, за двојазичност и менување на знаме и химна и затоа се спротиставува на тиранската платформа.
 
недела, 23 април 2017 - ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
АД ЕЛЕМ нема да побара зголемување на цената на електричната енергија, а загубата од увозот на скапа струја во јануари годинава поради екстремно ниските температури, компанијата ја покри со зголеменото производство, со поевтиниот увоз во март и април годинава, како и со извозот во ноември и декември минатата година, најави генералниот директор Христијан Мицкоски.
 
недела, 23 април 2017 - Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
Нови 72 милиони евра за ефтини кредити за малите и средни претпријатија преку Европската банка за обнова и развој, најави министерот за финансии Кирил Миноски, кој учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон.
 
недела, 23 април 2017 - Референдум во Гевгелија
Гевгеличани денеска на референдум ќе се изјаснуваат дали се за отворање на рудници на злато по најавите дека канадски компании сакаат да добијат дозвола за експлоатација на злато на планината Кожув.
 
сабота, 22 април 2017 - Вонредна владина седница, од утре комисиите на терен
Од утре комисиите за земјоделство на терен. Ќе се утврдуваат штетите по овошните и лозовите насади од ниските температури. На вечерашната седница во владата било информирано од страна на градоначалниците дека штетите по насадите се сериозни, но по утврдување на состојбата втората комисија ќе утврди со колкав процент ќе бидат обесштетени земјоделците.
 
сабота, 22 април 2017 - Планинарски марш во чест на Перо Илиевски
Меморијален планинарски марш денеска по 24. пат се одржа во чест и сеќавање на Перо Илиевски, еден од основачите на планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.
 
сабота, 22 април 2017 - Студот предизвика штети и кај лозовите насади
Ниски температури односно до 6 степени под нулата се најавуваат и вечесрва кои ќе донесат опасност од ново мрзнење на сите насади кои се во фаза на цветање или заврзување плод.Лозарите велат дека иако е сеуште многу рано да се утврдат процентуално штетите од синоќа сепак велат дека штета нема да биде мала,наместа на поосојничавите места мрзнењето на овошките и лозовите насади е и до 50 отсто.
 
сабота, 22 април 2017 - Лата: Крвта и душата ни се во Тирана
Изјавите на албанскиот премиер Еди Рама за обединување на Косово и Албанија го обновија сонот за „Голема Албанија“ и кај градоначалниците Албанци во Македонија.
 
сабота, 22 април 2017 - МНР Русија: Неприфатливи се изјави за територијални претензии
Се огласи и МНР на Русија, со став неприфатливи се изјавите за прекројување на границите на Балканот.
 
сабота, 22 април 2017 - СДСМ: Груевски да ја напушти мирно власта и да ја прифати народната волја
Лагите повеќе не поминуваат ниту кај граѓаните, ниту пак кај меѓународната заедница којашто повика на разум во интерес на стабилноста на Македонија и регионот и мирен трансфер на власта, реагираа од СДСМ.
 
сабота, 22 април 2017 - Реакција на Град Скопје изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ
Во реакцијата на Град Скопје на изјавата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски за наодите за валидноста на дипломата на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, од Градот информираат дека тие веднаш по изнесените наоди во јавноста на одредени организации, започнле постапка на проверка на истите во соодветните државни институции.
 
сабота, 22 април 2017 - Мицкоски: Очекувам успешен тендер за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“
Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски очекува наскоро да биде избран концесионер кој ќе ги гради хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ во горниот слив на Црна Река.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24