среда, 17 јануари 2018 - Муковски останува во притвор, Тарчуловски од дома ќе го следи обраќањето на Столтенберг
Пратеникот Крсто Мукоски останува во скопскиот истражен затвор во Шутка. Апелациониот суд ја одби неговата жалба за укинување на притворот и го потврди решението од кривичниот совет на скопска „единица“, велат од Апелација.
 
среда, 17 јануари 2018 - Пристоен приход за пристоен живот е мотото на протестот на синдикалните работници.
Пристоен приход за пристоен живот е мотото на протестот на синдикалните работници. Од Порта Македонија преку Министерството за правда, учесниците на протестот стигнаа до Владата за да ги испорачаат своите барања.
 
среда, 17 јануари 2018 - Дали Иванов ќе стави вето, рокот истекува утре на полноќ
Претседателот да го потпише указот за законот за употреба на јазиците со што ќе се стави на страната на охридскиот рамковен договор, повторно го повикаа од ДУИ Иванов, кому од седумдневниот законски рок во кој тој има право да се произнесе, му остануваат уште часовите до утре вечер на полноќ.
 
среда, 17 јануари 2018 - Столтенберг во дводневна посета на Македонија
Поддршка на реформскиот курс и на преговорите за спорот за името – се пораките кои се очекува да пристигнат од генералниот секретар на НАТО Столтенберг, кој на покана на премиерот Заев вечерва пристигнува во Македонија а утре ќе има официјални средби со државниот врв.
 
среда, 17 јануари 2018 - Православните верници од Струмица по светиот крст ќе скокаат во базенот „Аквариус“
На празникот Богојавление Водици православните верници во Струмица ќе скокаат по светиот крст во осветените води на градскиот базен „Аквариус“.
 
среда, 17 јануари 2018 - Нимиц ќе претстави нов предлог-комбинација од досегашните идеи, Димитров „оптимист со грижи“
Во овие моменти во Њујорк, во седиштето на Обединетите нации, треба да започне втората рунда од обновените преговори.
 
среда, 17 јануари 2018 - Триесет милиони Македонци се иселени и живеат во дијаспората
Триесет милиони Македонци се иселени и живеат во дијаспората. Најголемиот дел во прекуокенаските земји, но ги има и низ Европа.
 
среда, 17 јануари 2018 - 25 години Битола гради релации на пријателство и соработка со Русија
25 години Битола гради релации на пријателство и соработка со Русија. Токму толку време постои Здружението за македонско- руско пријателство од Битола кое синоќа на свечена седница го одбележа својот јубилеј.
 
среда, 17 јануари 2018 - Одложено рочиштето за „Таргет- Тврдина“ судијата побарал изземење
Судењето за масовното прислушување “ТАРГЕТ - ТВРДИНА” се одложи бидејќи судијата Горан Бошевски побарал изземање од овој случај.
 
среда, 17 јануари 2018 - Жан Митрев редовен член во Европската академија на науките, уметностите и книжевностите
Kардиохирургот Жан Митрев денеска е прогласен за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.
 
среда, 17 јануари 2018 - Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се пример за решавање на проблемите
Бугарија и Македонија илустрираа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија.
 
среда, 17 јануари 2018 - Часот на првачињата 55 минути со 15 минутен одмор предлага МОН
Блага транзиција од семејството или градинките кон училиштето за да се развие љубов, а не фрустрација кон учењето, со оглед дека возраста на првачињата е од 5,8 до 6 години. Ова била главната идеја на работната група на Министерството за образование и наука при ревизијата на наставните планови и програми за прво одделение кои беа презентирани денеска на прес-конференција.
 
среда, 17 јануари 2018 - Соработката меѓу Македонија и Албанија во интерес европерспективата на регионот
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е во официјална посета на Тирана, денеска се сретна со албанскиот претседател Илир Мета.
 
среда, 17 јануари 2018 - Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се пример како се решаваат проблемите
Бугарија и Македонија дадоа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската унија.
 
среда, 17 јануари 2018 - Судот не дозволи Тарчуловски да го следи обраќањето на Столтенберг во Собрание
Судот не му дозволи на Јохан Тарчуловски, кој се наоѓа во домашен притвор, да присуствува на утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Собранието на Република Македонија.
 
среда, 17 јануари 2018 - Василев: Одлуката за азил на Грујевски и Бошковски одложена на неопределено време
Одлуката за азил за Горан Грујевски и Никола Бошковски е одложена на неопределено време, затоа што органот што ја води постапката нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, изјави денеска адвокатот Петар Василев пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“.
 
среда, 17 јануари 2018 - Дескоска: Со мерките во образованието сме и пред барањата на синдикатите
Неспорно е дека ќе има дијалог меѓу Владата и синдикатите, но во делот за образованието мојот впечаток е дека ние со мерките што ги преземаме одиме дури и пред барањата на синдикатите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.
 
среда, 17 јануари 2018 - Писмо на Јове Кекеновски до специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц
Имам чест да ви се обратам во името на македонската опозиција Фродем во врска со прашањето за името на мојата земја во Обединетите нации.
 
среда, 17 јануари 2018 - Едукативни брошури на НБРМ наменети за младите
НБРМ во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), изготви две едукативни брошури „Патување во светот на парите“ и „Водич за финансиска едукација“ наменети за младата популација во државава чија цел е да им се помогне на младите граѓани да донесуваат здрави финансиски одлуки уште од рана возраст.
 
среда, 17 јануари 2018 - Протест на Конфедерацијата на слободни синдикати
Конфедерацијата на слободни синдикати денеска од Порта Македонија го почна протестот барајќи усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и почитување на колективните договори.
 
среда, 17 јануари 2018 - НДМ: Жива е Македонија, жив е македонскиот народ
Народно движење за Македонија ја споделува загриженоста со народот од утрешниот ден, кој е еден од деновите каде македонскиот народ на едно место ќе ги гледа подржувачите на НАТО и ЕУ, односно, подржувачите за промена на вековното македонско име, а по повод обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието.
 
среда, 17 јануари 2018 - Нивоата на реките и езерата под јануарскиот просек
Водостојот на Вардар кај Јегуновце е речиси шест пати понизок, а кај Скопје три пати помал од вообичаениот за јануари, додека на мерните места кај Велес и Демир Капија е во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец.
 
среда, 17 јануари 2018 - Спречена група мигранти нелегално да влезе во Македонија
Група мигранти од Сирија, Иран и Сомалија вчераутро се обиделе илегално од Србија да влезат во Македонија на околу 300 метри до граничната линија во близина на Ашански пат, во што биле спречени од полицијата од Полициската станица во Сопот.
 
среда, 17 јануари 2018 - Иванов до утре на полноќ треба да се изјасни за законот за јазиците
Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците на 11 јануари, а потоа текстот беше испратен во кабинетот на претседателот.
 
среда, 17 јануари 2018 - Димитров „оптимист со грижи“ за исходот од разговорите за името
„По природа сум оптимист, а во случајов сум оптимист со грижи“, вели македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во изјава за Дојче веле, запрашан дали е оптимист за исходот од обновениот процес за решавање на прашањето за името што се води со посредство на претставникот на ОН Метју Нимиц.
 
среда, 17 јануари 2018 - Починат маж пронајден во хотелска соба во Скопје
Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар.
 
среда, 17 јануари 2018 - Се степале затвореници во Идризово, едниот завршил на максилофацијална хирургија
Затворениците М.З.(36) и Д.Р.(42) вчера напладне се степале во амбулантското одделение на Казнено поправната установа - Затвор Идризово, при што на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди.
 
среда, 17 јануари 2018 - Агентите на ИНТЕРПОЛ слободно ќе влегуваат и излегуваат во Македонија
Владата на Република Македонија и меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ ќе потпишат договор за признавање на патниот документ на ИНТЕРПОЛ, договорија во Лион министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ Јирген Сток.
 
среда, 17 јануари 2018 - Одложено судењето на обвинетите во „Таргет – Тврдина“
Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи судење за споениот предмет „Таргет – Тврдина“ кој се однесува за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето. Тоа е одложено. Наредното рочиште е закажано за 27 март
 
среда, 17 јануари 2018 - Повеќе скопски општини утре без струја
Корисниците од улицата „23“ во скопското село Сопиште утре ќе останат без електрична енергија од 12 до 15 часот.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24