петок, 17 февруари 2017 - Железничкиот сообраќај од попладнево во прекин поради протест на вработените
Железничкиот сообраќај во земјава е во прекин од 16 часот попладнево поради протест на вработените во Македонски железници - Транспорт.
 
петок, 17 февруари 2017 - Средба на Ахмети со шпанскиот амбасадор
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети и амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза на денешната средба размениле мислења околу политичките случувања во земјата, како и создадената ситуација по изборите на 11 декември.
 
петок, 17 февруари 2017 - СДСМ: Избрзаната реконструкција ги остави средношколците без светлина
СДСМ во Битола обвинува дека реконструкцијата на битолската гимназија ќе трае долго
 
петок, 17 февруари 2017 - Заменикот на Заев поднесе оставка - по 4 часа реизбран!
Само 4 часа Струмица беше без заменик градоначник. Костадин Костадиновски кој 2 месеци е на замена на досегашниот градоначалник Зоран Заев денеска на почетокот на седницата си даде оставка.
 
петок, 17 февруари 2017 - Навалица од кандидати за партиските листи за градоначалник
Во јавноста и во медиумите веќе почнаа да се вртат имиња за кандидатите за градоначалници зад кои ќе застанат партиите. Голем дел од старите градоначалници би сакале нов мандат.
 
петок, 17 февруари 2017 - За три месеци плинот поскапел за над 45%
За 3 месеци поскапел за над 45 отсто. Течниот нафтен гас или плинот за коли, од вторникот се продава по цена од 34 денари за литар. До почетокот на ноември на бензинските станици се точел за само 24 денари што е речиси двојно пониско од моменталната цена.
 
петок, 17 февруари 2017 - Македонец почина во водите на Индискиот океан - близу Шри Ланка
Младиот штипјанец Ангел бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, кој го обезбедувал од пирати. Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но сеуште нема информации како настапила смртта.
 
петок, 17 февруари 2017 - Времето утре - утринска температура под нула, дневна до 14 степени
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне по котлините и речните долини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено во северозападниот дел во вечерните и ноќните часови врнежите ќе поминуваат во снег.
 
петок, 17 февруари 2017 - Стопанската комора одбележува 95 години постоење
Под мотото „Големите глобализираат, малите соработуваат денеска Стопанската комора на Македонија одбележа 95 години од коморското организирање и работење.
 
петок, 17 февруари 2017 - Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември
Македонски Железници Транспорт АД Скопје инфромира дека денеска на вработените ќе го исплати вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот да ја исплати платата за јануари 2017 година.
 
петок, 17 февруари 2017 - По 18 дена “Евзони” деблокиран
По 18 дневната блокада, по демаршот од македонското до грчкото МНР, по неуспешната средба со вицепремиерот на Грција – грчките земјоделци денеска се повлекуваат.
 
петок, 17 февруари 2017 - Заев: Прифатливо се што е во рамки на Уставот
Претседателот на СДСМ Зоран Зоран Заев коментирајќи ги материјалите што ги добиле синоќа од ДУИ од каде бараат потписи за мандат за формирање влада, нагласи дека е прифатливо се што е во рамките на Уставот и практична потреба на граѓаните од албанската заедница имајќи го предвид и аспектот на потребата на граѓаните од другите малцински заедници.
 
петок, 17 февруари 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на “Херитиџ” потврда за успешните владини политики
Од економски изолирана држава, Македонија во изминатите години бележи постојан раст и развој, а потврда е извештајот на Херитиџ.
 
петок, 17 февруари 2017 - Жените меѓу домаќинството и бизнисот
Жената, која што е симбол и темел на семејните вредности, несебично ги дели љубовта, трудот и се вложува себе си во секоја улога во општеството, и како мајка, и сопруга, пријател, работник, професионалец но и како лидер.
 
петок, 17 февруари 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев не спие мирно
Вкупна казна од 9 години на му следи на аболицираниот криминалец Зоран Заев доколку биде прогласен за виновен за двете дела за кои е обвинет, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
 
петок, 17 февруари 2017 - Практична настава за студентите во домашните компании
Министерството за образование апелира до компаниите и до средните училишта да се поврзуваат во еден вид партнерство придонесат во развојот на дуалното образование или учење преку работа односно пракса.
 
петок, 17 февруари 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Со идејата на СДСМ илјадници професори и наставници ќе останат без работа
Додека земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побрзо ќе направи некаква иновација, СДСМ предлага во Македонија натпреварот да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
 
петок, 17 февруари 2017 - СДСМ: Помалку предмети и помал фонд на часови за учениците
Помалку предмети и помал фонд на часови, како и укинување на екстерното најави СДСМ.
 
петок, 17 февруари 2017 - На Детската клиника брзи резултати од имунолошки испитувања
Имунолошките испитувања се почесто се потребни кај децата кои често се разболуваат.
 
петок, 17 февруари 2017 - Арнаудовска одликувана со наградата “Витез од државниот ред за заслуги”
“Витез од државниот ред за заслуги” ова високо одликување од претседателот на Република Франција по предлог на француската амбасада во Македонија го доби Анета Арнаудовска, Директорка на академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”.
 
петок, 17 февруари 2017 - Попоски во Минхен на безбедносна конференција
Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествува на традиционалната, 53-та по ред, Минхенска безбедносна конференција, што се одржува во Минхен, Сојузна Република Германија.
 
петок, 17 февруари 2017 - Трагедија во ГУЦ „Здравко Цветковски“ – почина средношколка
Средношколка од ГУЦ „Здравко Цветковски“ во Скопје вчера за време на наставата се онесвестила и починала. трагедијата се случила за време на часот по историја во 18 часот и 30 минути.
 
петок, 17 февруари 2017 - Петир: Македонија да ги започне преговорите со ЕК
Европратениците најавуваат офанзива во лобирањето Македонија што поскоро да започне преговори со Европската комисија.
 
петок, 17 февруари 2017 - 10 илјади нови работни места - Владата го усвои оперативниот план за 2017 година
Нови 10 илјади вработувања преку мерките и програмите од Оперативниот план за вработување за 2017, усвоен на последната владина седница.
 
петок, 17 февруари 2017 - СДСМ не доби потписи, ДУИ испорача нови барања
СДСМ не доби потписи, туку ново барање од Мала Речица.Претседателот на партијата Али Ахмети предложи конкретен закон за јазиците до Заев.
 
петок, 17 февруари 2017 - Крадците “оперираат” низ Старата битолска чаршија
Зачестени се провалните кражби во реонот на градскиот пазар и старата битолска чаршија.
 
петок, 17 февруари 2017 - СДСМ: МО да каже кој ги платил трошоците за посетата на Јолевски на САД
СДСМ денеска преку соопштение побара одговор од министерството за одбрана дали со државни пари е реализирана посетата на САД на министерот за одбрана Зоран Јолевски и средбата што ја имал со американскиот конгресмен Дејна Рохрабакер, кој, како што стои во соопштението, ја даде контроверзната изјава за распад и поделба на Македонија.
 
петок, 17 февруари 2017 - Кривични за селани од Трсино поради кражба на дрва
Полицијата поднесе кривични пријави против М.А. (51) и Ж.А. (51) од село Трсино поради основано сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствије“ и „кражба на дрва“.
 
петок, 17 февруари 2017 - УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности
Сувото време без врнежи од дожд изминатата седмица овозможи одлични услови за земјоделски работи на отворено, кроење на лозата и овошките, пред се на праската, како и подготовка на површините за градинарско производство.
 
петок, 17 февруари 2017 - Субвенции од 31 милион денари за домашна документарна и играна програма
Триесет и еден милион денари изнесуваат субвенциите за годинава од државата за продукција на домашна документарна и играна програма.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24