вторник, 17 октомври 2017 - Заев: Приватниот сектор двигател на идниот раст и развој на регионот
Поддршка и охрабрување на целата деловна заедница од регионот да инвестира, да се шири, да се вмрежува, даде македонскиот премиер Зоран Заев на завршната прес-конференција со која се означи крајот на дводневнот Самит100, што се одржуваше вчера и денеска во Скопје.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Прва средба на претседатели на парламентите на Македонија и на Оман
Претседателот на Собранието Талат Џафери во рамки на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија, што се одржува во Санкт Петербург, денеска имаше средба со претседателот на Консултативниот совет (парламентот) на Оман Халид Ал-Маавали.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Одбележан денот на ЗОК во касарната ,,Боро Менков “
Во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска со воена свеченост се одбележа Денот на Здружената Оперативна Команда.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Mинистерот Поповски се сретна со францускиот амбасадор Кристиан Тимоние
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Иванов ги прими акредитивите од новите амбасадори на Шпанија, Чешка и Кувајт
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија, на Чешката Република и на Државата Кувајт за Република Македонија.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Македонија на меѓународниoт бизнис саем WESTM и турситичка призма во Белград
Македонија со хотелски и угостителски капацитети се претстави на деловниот саем специјализиран за конгресен, зимски и спа туризам на Југоисточна Европа во Белград WESTM-Туристичка призма.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Потпишан меморандум за соработка на „Самит100“
Во рамки на 6-тиот самит100 потпишан е меморандум за соработка меѓу регионалната платформа и коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Предизвици и реформи пред македонската и хрватската пошта
Делегација на Хрватска пошта предводена од генералниот директор Иван Чуло денеска ја посети Македонска пошта.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Петмина приведени за настаните на 27 април во собранието
Петмина се приведени за настаните што се случија во собраните на 27-ми април.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Министерството за правда го разгледува извештајот за АКМИС системот
Нотираните злоупотреби во АКМИС Системот, односно електронското распределување на предметите во Кривичниот суд, привремената комисијата уште вчера ги доставила до министерството за правда во обемен записник, дознава Канал 5 од извори во министерството.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Ешерихија коли е главниот причинител за труење на 21 работник од штипската компанија Актива
Ешерихија Коли е бактеријата, е главниот причинител за труење на 21 работник од штипската компанија Актива, што се случи на почетокот од овој месец, при консумирање на ручекот, покажаа наодите од инспекцискиот увид на санитарниот инспекторат, информира денеска директорот на штипскиот Центар за јавно здравје д-р Марија Димитрова.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Поразителни бројки, секој петти Македонец месецот го минува со 6500 денари
Битката за егзистенција во Македонија го допира дното. Секој петти Македонец живее со помалку од 6500 денари месечно.
 
вторник, 17 октомври 2017 - ЕУ: Изборите придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси
Локалните избори на 15 октомври се одржаа во амбиент во кој преовладуваше натпреварувачки дух, а мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарните наоди и заклучоци оцени дека придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси во земјата, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во Скопје.
 
вторник, 17 октомври 2017 - СДСМ: Во Македонија имаше фер, регуларни и слободни избори, ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот
Во Република Македонија после долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Собранието ќе добие нови пратеници, Саздовски станува независен пратеник
Четворица пратеници од СДСМ ги напуштаат пратеничките функции по нивниот избор за градоначалници.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Еди Рама на средби со лидерите на партиите на Албанците во Македонија
На исто место но во различни термини. Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Скопје, се сретна со лидерите на партиите на Албанците, на БЕСА, Касами, Алијансата на Села и на ДУИ Ахмети.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Продолжуваат протестите пред „Повардарие“ поради неплатено грозје
Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Џафери: Укинувањето на визите за Мексико ќе ги продлабочи односите меѓу двете земји
Укинувањето на визниот режим за Мексико би било од особено значење за продлабочување на односите меѓу двете земји со оглед дека Македонија ги укина визите за мексиканските граѓани, а комуникацијата може дополнително да се олесни и со назначување почесен конзул на Мексико во Македонија, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на билатералната средба со претседателот на Сенатот на Мексико Ернесто Кордеро Аројо на маргините на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург.
 
вторник, 17 октомври 2017 - УКИМ: Почнавме постапка за утврдување текст за нов закон за високо образование
Универзитетот на транспарентен начин почна постапка со произнесување на сите членови на академската заедница преку внатрешните институти, катедри и наставно-научните совети на своите единици, да утврди текст кој ќе биде доставен до Министерството за образование и наука како надлежно за изготвување финален текст на закон кој ќе биде ставен во понатамошна процедура пред надлежните органи во Република Македонија - Владата и Собранието.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Заев-Звиздиќ: Преку унапредување на соработката до побрзо членство во ЕУ
Македонија и Босна и Херцеговина делат заедничка цел - членството во ЕУ и НАТО, а тоа може да забрза преку унапредување на заедничка соработка, оценија денеска на заедничката прес-конференција премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Ахмети-Рама: Албанија е заинтересирана за политичка стабилност на Македонија
Претседателот на Демократската унија за евроинтеграција Али Ахмети денеска по средбата со претседателот на Албанија Еди Рама изјави дека разговарале за актуелните политички случувања во Македонија и за можностите за идна соработка.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Ограбени гостиварци во ТЦ Лептокарија во Скопје
Три непознати лица извршиле разбојништво врз две момчиња од гостиварското село Галате на паркинг просторот кај Трговски центар-Лептокарија, соопшти МВР.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Заев: Подготвен сум за соработка со сите пратеници
Премиерот Зоран Заев изјави дека е информиран во врска со одлуката на пратеникот Чедормир Саздовски да ја напушти неговата партија ГРОМ и да делува како независен пратеник во Парламентот, ја почитува таа одлука и е подготвен за соработка со него, но и со сите пратеници за се што е од национален интерес и во ионтерес на сите граѓани.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Послаб земјотрес во Охрид
Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван претпладнево во Охрид и околината.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Заев: За нови избори ќе разговараме внатре во партијата
Не се отфрла можноста по завршувањето на локалните, Македонија да влезе во нов изборен процес и да се организираат вонредни парламентарни избори.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Почина тригодишно девојче од изгореници во пожар
Тригодишно девојче од струшко Ново Село почина како последица на изгореници кои ги добила во пожарот што ја зафатил нивната куќа.
 
вторник, 17 октомври 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите
Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот кој го ветуваше СДС.
 
вторник, 17 октомври 2017 - Тројца скопјани уапсени за трговија со марихуана
Тројца скопјани се уапсени под сомнение дека се инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во нивните домови е извршен претрес при што се пронајдени кесички и тегли со марихуана.
 
вторник, 17 октомври 2017 - САМИТ 100: Меморандум за деловна соработка и унапредување на конкурентноста во Западен Балкан
Регионалната платформа САМИТ100 и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6 CIF) со Меморандум за соработка се обврзаа да ги обединат силите од приватниот сектор и силните регионални компании да работат заедно на спроведување на договорените проекти од Берлинската иницијатива.
 
вторник, 17 октомври 2017 - МВР трага по лица инволвирани во насилствата во Собранието на 27 април
МВР по одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје објави фотографии за утврдување на идентитетот на три лица инволвирани и битни во постапката за расветлување на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24