четврток, 23 март 2017 - Пролетна акција на јавните претпријатија во општина Гази Баба
Град Скопје соопшти дека ги продолжува активностите во рамки на 14. циклус посети на скопските општини, при што денеска одржале средба со урбаните и месните заедници од Гази Баба.
 
четврток, 23 март 2017 - ВМРО-ДПМНЕ бара да се истражи случајот со директорот на кумановската гимназија
ВМРО-ДПМНЕ Куманово уште еднаш побараа од надлежните да се истражи случајот со директорот на кумановската гимназија Гоце Делчев и неговото недолично однесување на социјалните мрежи.
 
четврток, 23 март 2017 - Форум за работодавачи за подобри активни политики за вработување
Активните мерки за вработување од проектот Македонија вработува 2, актуелни за бизнис секторот.
 
четврток, 23 март 2017 - Над половина од возилата нема да поминат технички преглед ако се користи европскиот систем
Над половина од возниот парк во Македонија нема да помине на технички преглед ако се користи европскиот систем за контрола.
 
четврток, 23 март 2017 - 25-ти ден протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
25-ти ден по ред продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. И вечерва голем број граѓани ќе маршираа од Владата до Собранието, за зачувување на унитарноста и суверенитетот на државата, најавуваат организаторите.
 
четврток, 23 март 2017 - Универзитетот Гоце Делчев од Штип одбележа јубилеј од 10 Години
Со промоција на доктори на науки од повеќе научни области, промоција на каталогот на електронски и печатени изданија, краток документарен филм за работата на Универзитетот, денеска започнаа свечените активности по повод десет години од постоењето и работата на Државниот Универзитет Гоце Делчев во Штип.
 
четврток, 23 март 2017 - Илија Димовски - претседател на Комисијата за избори и именувања - собраниска седница в понеделник
Пратениците кои присуствуваа на координациијата за составот на Комисијата за избори и именувања се согласија претседавањето да го добие ВМРО ДПМНЕ.
 
четврток, 23 март 2017 - Сочувство од Димитирев до британската премиерка по нападот во Лондон
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, по терористичкиот напад во Лондон, испрати писмо со сочувство до премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј.
 
четврток, 23 март 2017 - Анкета на ИПИС: Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови
Мнозинството граѓани во Република Македонија сметаат дека со изборите што се одржаа на 11 декември минатата година не се надминала политичката криза. Најголем процент од нив сметаат дека нови парламентарни избори заедно со претстојните локални се решение за актуелната криза, покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).
 
четврток, 23 март 2017 - Пустец и Корча од Ресен ќе учат како со компостирање да го намалат отпадот во Преспа
Општините Ресен, Пустец и Корча со заеднички напори настојуваат да ја подобрат еколошката слика на Преспанскиот регион по пат на прекугранично управување со отпадот.
 
четврток, 23 март 2017 - На Табановце запленети 43.800 евра
На граничниот премин Табановце утринава околу 7:15 часот е спречен обид за нелегално изнесување на 43.800 евра.
 
четврток, 23 март 2017 - Најмногу фирми се трговски и од прехранбена индустрија
Минатата година во Македонија работеле 1,9 проценти повеќе деловни субјекти во споредба со 2015 година. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во Република Македонија во 2016 година активни биле 71.519 деловни субјекти.
 
четврток, 23 март 2017 - Натпревар на креативни младински идеи „Ослободи ја идејата“
Сите млади на возраст од 16 до 26 години кои имаат идеја, предлог или решение за предизвиците во заедницата можат да поттикнат општествена промена преку учество на натпреварот „Ослободи ја идејата“, што по трет пат го организира здружението „Младите можат“.
 
четврток, 23 март 2017 - Во Крива Паланка три пожари за едно деноноќие
Кривопаланечките пожарникари вчера интервенирале на три пожари, од кои два се случиле во исто време, околу 16 часот, додека едниот на пладне.
 
четврток, 23 март 2017 - Повторно прекината координацијата во Собранието за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.
 
четврток, 23 март 2017 - Лавров: Се надеваме дека Западот ја сфаќа опасноста од дестабилизација на Македонија
Москва се надева дека западните земји ја сфаќаат опасноста од обидите за дестабилизација на ситуацијата во Македонија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Спутник“.
 
четврток, 23 март 2017 - „Табла“, Триста“, Тотал“ и „Тифани“ нови истраги на СЈО
Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови финансиски истраги за четири лица кои се однесуваат на набавки во МВР, изградба на училиште во општина Зајас и за даночни затајувања, а се водат под називите „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“.
 
четврток, 23 март 2017 - Продолжи координацијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.
 
четврток, 23 март 2017 - Нов повик од Вашингтон да се испита работата на амбасадата во Скопје
Американци за даночни реформи (АТР), една од водечките конзервативни организации во САД, објави текст за истрагата која се врши за политичките злоупотреба на програмите за развој во Македонија.
 
четврток, 23 март 2017 - Попоски учествуваше на самитот против ИСИС во Вашингтон
Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски вчера учествуваше на состанокот на коалицијата за борба против Исламската држава во Ирак и Сирија, кој се одржа во Вашингтон.
 
четврток, 23 март 2017 - СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури
СДСМ денеска апелира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури и согласно Деловникот за работа на Собранието, побрзо да се избере претседател на Парламентот.
 
четврток, 23 март 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да тргува со националните интереси
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на СДСМ Зоран Заев не може и не смее да тргува со највисоките национални и државни интереси само, како што соопштуваат, да не одговара за криминалите што ги сторил.
 
четврток, 23 март 2017 - Тешко повредени велосипедист и пешак во Скопје
Велосипедист и пешак се тешко повредени, а пет лица се здобиле со полесни повреди во шест од десет регистрирани сообраќајки вчера на подрачјето на Скопје.
 
четврток, 23 март 2017 - Прес конференција на СЈО
Специјалното јавно обвинителство за денеска во 11 часот најави нова прес конференција за јавноста.
 
четврток, 23 март 2017 - На бесплатна бања и викенд ќе одат 43 пензионери од дебарско
Правото на бесплатна бањско-климатска рекреација и туристички викенд, годинава ќе го користат 43 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.
 
четврток, 23 март 2017 - Одбележување 70 години од раѓањето на академик Нада Поп-Јорданова
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе бидат одбележани 70 години од раѓањето на академик Нада Поп-Јорданова.
 
четврток, 23 март 2017 - Патнички автобус изгоре кај патарината Скопје - Тетово
Патнички автобус кој се враќал од сервис синоќа се запалил во близина на патарината Скопје - Тетово. Нема жртви и повредени, но причинета е позначителна материјална штета.
 
четврток, 23 март 2017 - Трибина за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност
Трибина за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност ќе се одржи денеска во организација на Центарот за даночна политика и Асоцијацијата на економски истражувачи.
 
четврток, 23 март 2017 - Годишен состанок на координатори на франкофонија од регионот
Годишен состанок на национални координатори на Франкофонијата од регионот на Централна и Источна Европа денеска ќе се одржи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во рамки на одбележувањето на „Месецот на франкофонијата“.
 
четврток, 23 март 2017 - Трет ден координација за собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата
Во 11 часот денеска треба да продолжи координативната средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24