четврток, 22 јуни 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Софија
Зоран Заев станува сериозен ризик по македонските национални интереси и најомилената фигура меѓу сите националисти кои се натпреваруваат во анти-македонските ставови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Сопиште и Чешиново-Облешево ќе добијат грантови од ИПА за рурален развој
Во ЕУ-инфо центарот во Скопје декеска ќе бидат потпишано договори за грант за општините Сопиште и Чешиново -Облешево, кои се дел од Проектот за општински рурални инвестиции, финансирани преку ИПА програмата за рурален развој.
 
четврток, 22 јуни 2017 - ДПМ ќе расправа за преиспитување на лектирите во основното и средното образование
Иницијативата на Друштвото на писателите на Македонија за преиспитување на лектирата во основното и средното образование ќе биде тема за расправа на редовното Годишно собрание на македонската писателска асоцијација што ќе се одржи денеска.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Автомобил урна столб од улично осветлување во Велес
Банкина и десетматерски столб од улично осветлување урна синоќа автомобил „мерцедес“ пред зградата на Новиот театар во Велес со кој управуваше 22-годишно момче.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Прв чартер лет од Катовице на Охридскиот аеродром
На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, денеска ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Сончево и топло до 36 степени со УВ индекс 8
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и источните делови.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Центар за вработување на лица со хендикеп
Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ формираа Центар за вработување на лица со хендикеп кој е реализиран во рамки на истоимениот проект. По тој повод, денеска во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи конференција.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Собранието ќе ја продолжи петтата седница, на дневен ред и изборот на заменици министри
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
 
среда, 21 јуни 2017 - Груевски: Македонија да почне да преговара за членство во ЕУ, а не да се говори за одмрзнување на препораки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација денеска пристигна во тридневна работна посета на Брисел, каде вечерва во Европскиот парламент се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
 
среда, 21 јуни 2017 - Заев-Нинова: Поддршка од БСП за реформската Влада предводена од СДСМ
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Бугарија во Софија се сретна со Корнелија Нинова претседателот на Бугарската социјалистичка партија (БСП), нивна сестринска партија.
 
среда, 21 јуни 2017 - Работен состанок во МТСП за овозможување на донирање на вишоците храна
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Драган Тевдовски и Љупчо Николовски, како и со претставници на граѓанската коалиција за овозможување на донирањето на вишоците на храна „Ајде Македонија“, „Македонска платформа за борба против сиромаштија“, „Ретвитни оброк и Вистински дела на љубезност“, претставник на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот на Националниот демократски институт, Крис Хеншоу.
 
среда, 21 јуни 2017 - Велјановски: Заев со леснотија потпиша договор што засега идентитетски прашања
Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија - Придобивка и отстранување на пречки од патот кон Европската Унија или договор на штета на македонскиот идентитет и историја?
 
среда, 21 јуни 2017 - Џафери се сретна со претставници на НВО
На денот на Охридското езеро претседателот на собранието Талат Џафери се сретна со претставниците на невладините организации по граѓанската иницијатива за заштита на охридскиот регион , како единствено подрачје заштитено од УНЕСКО.
 
среда, 21 јуни 2017 - Мухамед Зекири и Влатко Ѓорчев во „Само Вистина“
Дали членството во НАТО и Европската Унија е без алтернатива и по цена да се откажеме од Уставното име?
 
среда, 21 јуни 2017 - Во Охрид продолжува реализацијата на проектите на ЕУ
Реализирањето на проектите што во Охрид се реализираат со поддршка на ЕУ се одвива успешно.
 
среда, 21 јуни 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Новата влада да ги зголеми платите на докторите
Сто илјади денари плата за докторите специјалисти, а 56 илјади плата да добијат нивните колеги од општа пракса, бараат пратениците доктори на ВМРО ДПМНЕ со поддршка и од останатите пратеници.
 
среда, 21 јуни 2017 - Николоски: ЕУ нека биде наша заедничка цел, а не тема за поделби
По однос на јавните реакции за неговото именување за амбасадор и шеф на мисијата на Република Македонија во Европската Унија, поранешниот пратеник Александар Николоски денеска се јави со реакција. Истата, според него, е со цел да укаже дека „одговорите на сите прашања лежат во Уставот на Република Македонија и Законот за надворешни работи".
 
среда, 21 јуни 2017 - Делегација од Словенска пошта ја посети Македонска пошта
Претставници од Словенска пошта денеска ја посетија АД Македонска пошта и се сретнаа со директорот Фаадис Реџепи.
 
среда, 21 јуни 2017 - Дескоска и Таравари се сретнаа со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“
Од страна на Министерството за образование и наука ќе бидат вклучени претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“ во работните групи, кои ќе се формираат за измена на законите за основно и средно образование, како и на Законот за учебници.
 
среда, 21 јуни 2017 - Министерот Дураки се сретна со швајцарската амбасадорка Тејада
Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Сибил Сутер Тејада.
 
среда, 21 јуни 2017 - МФ: Позитивна реакција на пазарите за Македонија
Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
 
среда, 21 јуни 2017 - Карпош ги награди најталентираните ученици
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска во својот кабинет ги прими најдобрите десет полуматуранти - првенци на училишната генерацијата 2016/2017.
 
среда, 21 јуни 2017 - Опожарени две возила во Битола
Во Битола ноќеска се опожарени две патнички возила при што е причинета материјална штета.
 
среда, 21 јуни 2017 - Изгор лето со до 3 степени повисоки просечни температури
Изгор лето најавуваат синоптичарите.
 
среда, 21 јуни 2017 - Шеќеринска на средба со претставници на Факултетот за безбедност
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во министерството ги прими претставниците на факултетот за безбедност, предводени од деканот Никола Дујовски.
 
среда, 21 јуни 2017 - Дополнителни субвенции за производителите на праски
Министерот за земјоделство се сретна со земјоделците од Росоман.
 
среда, 21 јуни 2017 - Анализа: Колку Македонци се иселиле лани од државата?
Најмалку 400 граѓани годишно се иселуваат од земјава, покажуваат статистиките.
 
среда, 21 јуни 2017 - Ќе се утврдува уставноста на прислушуваните разговори
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за членот 175 од Законот за следење на комуникациите. Одлуката судиите ја донеле поради сомнеж во уставноста на оспорениот член, појасни генералниот секретар на Уставен.
 
среда, 21 јуни 2017 - Димитров: Да престане политиката политичарите да стануваат амбасадори
Треба да се следи практиката во западните земји кога се менува власта, да се менуваат амбасадорите.
 
среда, 21 јуни 2017 - Велјановски : Недолично е Заев да го обвини својот народ за национализам
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изрази загриженост од пристапот на премиерот Зоран Заев за склучувањето на договорот со Бугарија и побара увид во содржината на договорот којашто се согласил да го потпише.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24