четврток, 22 јуни 2017 - Заменици министри - опозицијата со жестоки критики
Изборот на заменици министри пред пратениците.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Како да ги заштите личните податоци?
Секојдневното оставање на фотографии, контакти и лични податоци на интернет може лесно да доведе и до нивна злоупотреба.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Во сообраќајка прегазена жена во Струмица
Страотна сообраќајна несреќа се случи рано утрово во Струмица.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Какви лектири им требаат на новите генерации ученици, да утврдат независни експерти предлага ДПМ
Се подготвуваат ли измени на лектирите во основните и средните училишта?
 
четврток, 22 јуни 2017 - Канал 5 во Сеизмолошката опсерваторија, како се регистрираат земјотресите со стари апарати?
Претпладнево во Охрид два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,5 степени. Тоа го покажаа мерилата на сеизмолошката опсерваторија, додека екипата на Канал 5 ја набљудуваше работата на сеизмологот Катерина Дрогрешка. Вели дека подобро е да има почести, но слаби земјотреси, отколку ретки, но јаки земјотреси.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Трамп ја донесе првата одлука за Македонија и Балканот – останува црната листа
Aмeриканскиот претседател Донадл Трамп ја донесе првата одлука за западен Балкан, во која се продолжуваат вонредните мерки, кои уште пред 16 години ги донесе екс американскиот претседател Џорџ Буш.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Царовска: Законот за социјално претприемништво по мерка и на социјалните претпријатија
Министерството за труд и социјална политика подготвува драфт верзија на закон за социјално претприемништво, и наскоро ќе излезе со прочистен Предлог текст на законот по што ќе биде спроведена широка консултација со цел во него да бидат вклучени и забелешките и сугестиите на НВО-секторот и искуствата и барањата на социјалните претпријатија кои работат во земјата.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Министерството за здравство ќе ја финансира програмата за превенција
Министерот за здравство Арбен Таравари им вети на платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ дека по завршувањето на финансирањето од страна на глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза министерството за здравство ќе ги финансира програмите за превенција.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Прекинати кампањите на СНН и ББЦ
Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница соопшти дека Владата ги прекина договорите за рекламните кампањи на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си и договорите со, како што наведе, квази советници. Со тоа и останатите преземени мерки, рече, изминатите 15 дена се заштедени 10 милиони евра.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Владата на денешната седница ќе донесе одлука за поддршка на овоштарите
Владата на денешната седница ќе ја усвои одлуката за дополнителна поддршка на овоштарите со шест денари за килограм праски предадени во преработувачки капацитети меѓу 12 и 30 јуни, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Собрание- Во фокусот и договорот за добрососедство со Бугарија
Сеуште не е постигнат договор за сите точки од документот кој Македонија и Бугарија треба да го потпишат. Премиерот Зоран Заев во Собранието сподели детали од разговорите со бугарскиот колега Бојко Борисов.
 
четврток, 22 јуни 2017 - ВМРО-ДПМНЕ Куманово:Дамјановски да се посвети на проблемите на граѓаните
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово денеска на пресконференција ја обвини локалната власт дека не води грижа за хигиената во градот, за уреденоста на парковите, кејот и шеталиштето.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Шекеринска-Алтахаусер: Повторно ќе се воспостават демократските принципи
Со реализацијата на реформските зафати во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и контролата на извршната власт, во краток период ќе покажеме дека на Македонија ќе може да се гледа како на земја која повторно ја воспостави суштината на демократските принципи, истакна министерката Радмила Шекеринска на денешната средба со амбасадорката на СР Германија, Кристине Алтхаусер, соопшти Министерството за одбрана.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Сугарески: Низа проблеми околу изградбата на автопатот Охрид - Кичево
Прашањето околу проблемите со изградбата на автопатот Охрид – Кичево е актуелно, навистина има проблеми во изградбата на патот, и тие се посочени во извештајот на ЈП за државни патишта, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
 
четврток, 22 јуни 2017 - НБРМ усвои регулатива за сметководство и финансиско известување на банките и штедилниците
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната петта седница ја разгледа и усвои регулативата за сметководство и за финансиско известување за банките и штедилниците, соопшти НБРМ.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Шекеринска-Митровиќ: Со Приемот на Црна Гора, процесот на проширување на НАТО доби незапирлива динамика
- Приемот на Црна Гора во Алијансата покажа дека процесот на проширување на НАТО со земјите од регионот доби динамика која е незапирлива и која ќе донесе уште поголема регионална, но и континентална безбедност и стабилност. Оптимизмот во Македонија за евроатлантските интеграции е вратен и добрата клима треба да се искористи за затворање на овој долг процес, заклучија на денешната средба во Министерството, министерката Радмила Шекеринска и амбасадорот на Црна Гора Предраг Митровиќ.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Тевдовски: Ребалансот се подготвува, еврообврзница може и да не се издаде
Во Министерството за финанси активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Вицепремиерот Анѓушев се сртена со делегација на Либанско-македонскиот бизнис совет
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска имаше средба со бизнис делегација од Република Либан, предводена од Самер Соуфан, претседател на Либанско-македонскиот бизнис совет и извршен директор на Арабеле Интернешнл.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Франгов: Референдумот во Гевгелија е обврзувачки за локалната самоуправа
Резултатите од референдумот против отворање рудници на територијата на општина Гевгелија, имаат правна основа и се обврзувачки за локалната самоуправа, изјави на денешниот прес градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов како одговор на извесни бранувања во јавноста кои се појавија откако беа објавени заклучоците од последната седница на Советот за развој на ЈИПР, чиј претседател е токму Франгов.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Формиран Центар за вработување лица со хендикеп
Лицата со хендикеп полесно и поинтензивно да се вклучат во отворениот пазар на труд, а компаниите да создадат соодветни услови и адекватна работна средина за нив, е целта на проектот што со поддршка на ИПА заеднички го спроведуваат „Полио Плус“ и Стопанската комора на Македонија.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Првиот чартер авион со туристи од Полска пристигна во Охрид
На охридскиот аеродром утринава слетаа Полски туристи кои ќе летуваат на охридско – струшката ривиера.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Наредните денови топло и над 35 степени
Под влијание на многу топла воздушна маса, до крајот на оваа седмица, како и во текот на наредната работна седмица, времето во Македонијан ќе биде претежно стабилно и многу топло, соопшти УХМР.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Алаѓозовски и Банов разговараа за унапредување на соработка во културата
Во рамки на дводневната посета на Република Бугарија на делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев на 20 и 21 јуни 2017, министерот за култура Роберт Алаѓозовски оствари средба со бугарскиот министер за култура Боил Банов, соопшти денеска Министерството за култура.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Собранието расправа за избор на заменици министри
Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на петтата седница ја почна расправата за избор на заменици министри во Владата.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Општина Кочани со пет акции за прскање против комарци
Општина Кочани во текот на овој и наредните два месеца ќе ја спроведе акцијата за уништување на комарците од земја и воздух. За таа цел ќе бидат реализирани две акции со авиотретирање и три акции од земја. Првата акција се очекува наредната недела и ќе биде од воздух.
 
четврток, 22 јуни 2017 - ОМО Илинден Пирин: Малцинствата мост за пријателство
ОМО „Илинден“-ПИРИН, во врска со средбата во Софија на премиерите на Македонија и на Бугарија, соопшти дека секогаш и искрено поддржувала воспоставување на добрососедство меѓу двете земји на рамноправна, принципиелна и пријателска основа, но оти за траен и успешен нов договор за добрососедство освен посочените принципи треба да биде вклучено и прашањата за македонското малцинство во Бугарија и бугарското во Македонија.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Општина Центар бара дивите препорадавачи на Зелен пазар да ги отстранат тезгите
Општина Центар бара од лицата кои вршат незаконска продажба на имровизирани тезги околу зелен пазар да ги отстранат. Доколку не го сторат тоа најавуваат дека ќе се делува огласно законските прописи и ќе се изрекуваат казнени мерки.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Горан Митевски и Владимир Пивоваров во „Само Вистина“ во Вестите во 18 часот
Прибе доаѓа во Македонија да ги реформира болните области и институции. меѓу приоритетните Управата за безбедност и контраразузнавање кај која е забележана преголема концентрација на моќ и влијание од првите луѓе на полицијата.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Груевски на средба со Могерини и на Самит на Европската народна партија во Брисел
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација утринава во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во Брисел ќе се сретне со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, јави дописникот на МИА од Брисел.
 
четврток, 22 јуни 2017 - Двајца потешко и 14 полесно повредени во 16 сообраќајки во Скопје
Две лица се потешко, а 14 полесно повредени во вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24