вторник, 25 април 2017 - До петок толо време, од сабота облачно со локални врнежи
До петок во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, со утрински температури во постепен, а дневните во позначителен пораст.
 
вторник, 25 април 2017 - Повредени 15 лица во сообраќајки во Скопје
Петнаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 14 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје.
 
вторник, 25 април 2017 - Иванов одликуван од рускиот патријарх Г.г. Кирил
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е одликуван со наградата „неговата светост патријарх московски и на цела Русија Алексеј Втори“ за 2016 година, што во мај, на свечена церемонија во Москва, ќе му биде врачена од патријархот на руската православна црква, Г.г. Кирил.
 
вторник, 25 април 2017 - СДСМ: Државен интерес е мирен трансфер на власта
СДСМ денеска соопшти дека државен интерес на Македонија во овој момент е мирен трансфер на власта и оти институциите, политички партии и секој поединец се должни да дадат придонес кон нормализација на состојбите.
 
вторник, 25 април 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Заев со сервилна и антидржавна политика поттикнува иредентистичките и шовинистички изливи во регионот
ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев за, како што се наведува, сервилна и антидржавна политика со која, велат, ги разгорува иредентистичките и шовинистички изливи во регионот и оти „затоа не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од творците на тиранската платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати“ и го повтори апелот веднаш да ја отфрли платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе го кажат својот став за неа.
 
вторник, 25 април 2017 - Гостиварец го повредил синот во семејна расправија
Триесет и тригодишен гостиварец завршил во болница со прострелна рана, откако неговиот татко пукал во него и го ранил во рака.
 
вторник, 25 април 2017 - Сончево со температура до 23 степени
Во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
 
вторник, 25 април 2017 - Изложба по повод 25 години од монетарното осамостојување на Македонија
Во Ликовната галерија на НЛБ банка АД Скопје вечер ќе биде отворена изложба по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија.
 
вторник, 25 април 2017 - Промовирање на мерката „Обуки за напредни ИТ вештини“
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денеска ќе го промовира почетокот на имплементацијата на мерката „Обуки за напредни ИТ вештини“.
 
вторник, 25 април 2017 - Презентација на проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“
Бизнис конфедерацијата на Македонија во соработка со Институтот за менаџмент поддршка и Здружението на бизнис жени на Македонија, денеска ќе го презентира проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“.
 
вторник, 25 април 2017 - Осумнаесетто продолжение на конститутивната седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
 
понеделник, 24 април 2017 - Во Охрид се протестираше за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
 
понеделник, 24 април 2017 - Утре сончево со температура до 23 степени
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
 
понеделник, 24 април 2017 - Продолжуваат масовните протести „За заедничка Македонија“
Во Македонија и денеска се протестира низ улиците.
 
понеделник, 24 април 2017 - Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
 
понеделник, 24 април 2017 - Талат Џафери: Собранието нема да го носам ниту во Тирана, ниту во Приштина, тоа ќе остане тука во Македонија
Собранието нема да го носам ниту во Тирана, ниту во Приштина, тоа ќе остане тука во Македонија, вели Талат Џафери, кој е кандидат на парламентарното мнозинство за собраниски спикер, откако пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Горан Манојлоски го праша дали Џафери би дозволил општина Тетово да ја води Македонец.
 
понеделник, 24 април 2017 - Земјоделците од Росоман бараат откажување од Тиранската Платформа
Земјоделците од Росоман излегоа на протест со својата механизација.
 
понеделник, 24 април 2017 - СДСМ: Ги осудуваме сите провокации
Ги осудуваме сите провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се направени, вклучително и инцидентот со дрон на фудбалски натпревар во Чаир, реагираат од СДСМ.
 
понеделник, 24 април 2017 - Конференција за „Креирање на млади лидери претприемачи“
Во организација на Здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус – Скопје денеска се одржа конференцијата „Креирање на млади лидери претприемачи“ во рамките на глобалниот настан LEAP summit 2017.
 
понеделник, 24 април 2017 - МТСП: Неработни денови за сите граѓани се 1 и 24 мај
Во мај годинава неработни денови за сите граѓани се 1 мај (понеделник) - Денот на трудот и 24 мај (среда) - Ден на сесловенските просветители, соопшти Министерството за труд и социјална политика, реагирајќи на одредени написи во медиумите поврзани со неработните денови во мај 2017 година.
 
понеделник, 24 април 2017 - Земјоделци го блокираа патот Градско-Росоман
Земјоделци денеска го блокираа патот од Градско-Прилеп, реагирајќи, како што рекоа, против тиранската платформа и за решавање на политичката криза заради исплата на субвенциите и обесштетувањата поради зимското и пролетно мрзнење на овошните насади. Блокадата траеше половина час, а земјоделците беа таму со македонски знамиња и механизација.
 
понеделник, 24 април 2017 - ВМРО-ДПМНЕ: Да се расветли инцидентот од натпреварот во Чаир
ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди и побара надлежните органи да го расчистат вчерашниот инцидент на фудбалскиот натпревар во скопски Чаир, во кој, наведуваат, се промовираше мапа со голема Албанија во чии граници има и делови од Република Македонија.
 
понеделник, 24 април 2017 - Потписи за поддршка на родителите на деца со посебни потреби и во Куманово
И кумановци ќе можат да се потпишат и да дадат поддршка на родителите на деца со посебни потреби на пунктови кои ќе бидат поставени на градскиот плоштад, кои, како што информираа денеска од здружението „Инклузива“, ќе бидат отворени од утре до петок.
 
понеделник, 24 април 2017 - Продолжуваат протестите “За заедничка Македонија”
Продолжуваат протестите „За заедничка Македонија“.
 
понеделник, 24 април 2017 - СЈО на работна средба во „Македонски Телеком”
Во просториите на „Македонски Телеком“ денес е одржана работна средба на повисоко ниво со претставници на компанијата, информираат од СЈО.
 
понеделник, 24 април 2017 - Повредени војници во сообраќајка кај патарината Сопот
Петмина припадници на армијата на Република Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Велес-Скопје.
 
понеделник, 24 април 2017 - Земјоделците го блокираа патот Градско – Прилеп, бараат субвенции
Земјоделците од Росоман го блокираа регионалнито пат Градско - Прилеп.
 
понеделник, 24 април 2017 - Ќе седнат ли лидерите на заедничка маса да разговараат за политичката криза?
Ќе седнат ли неделава лидерите на парламентарните политички партии на заедничка маса со цел изнаоѓање на излез од политичката и институционална криза во земјава?
 
понеделник, 24 април 2017 - ФФМ ќе поведе постапка против ФК Шкупи
Фудбалскиот клуб Шкупи се соочува со дисциплинска постапка, по вчерашниот инцидент за време на дербито со Вардар, каде на среде натпревар теренот го прелета дрон со знаме на Голема Албанија.
 
понеделник, 24 април 2017 - Продолжи конститутивната седница
Со расправата во Собранието ВМРО-ДПМНЕ ја држи Македонија во политичка криза, обвинуваат социјалдемократите.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24