недела, 12 ноември 2017 - Ганиу: Заслужена победа, заеднички да го насочиме Чаир кон вистинскиот пат
Кандидатот за градоначалник на ДУИ во Чаир, Висар Ганиу на прес-конференција по денешното прегласување во ИМ 2901 рече дека има заслужена победа и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани.
 
недела, 12 ноември 2017 - ДИК: Во ИМ 2901 во Чаир за Ганиу 169 гласа, 98 за Ибрахими
За кандидатот на ДУИ за градоначалник во општина Чаир Висар Ганиу на денешното гласање во ИМ 2901 каде се прегласуваше за Локалните избори гласале 169 лица, а за Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА 98, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) пристигнати по електронски.
 
недела, 12 ноември 2017 - Ибрахими им честита победа на Ганиу и на СДСМ во Чаир
Кандидатот на Движењето БЕСА за градоначалник на општина Чаир Зекирија Ибрахими, на прес-конференција од партиското седиште пред завршување на пребројувањето од гласањето на ИМ 2901 во Чаир, му честиташе победа на својот противник Висар Ганиу и ја нарече „победа на СДСМ“.
 
недела, 12 ноември 2017 - БЕСА: Притисок врз граѓани од ИМ 2901 да не излезат на гласање
Движењето БЕСА во тек на прегласување за вториот круг од Локалните избори на гласачкото место 2901 во општина Чаир преку соопштение побара од институциите, како што наведува, да создадат услови гласачите слободно да ја изразат својата волја и политичка убеденост.
 
недела, 12 ноември 2017 - Заврши прегласувањето во ИМ 2901 во Чаир
Заврши гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласуваше вториот круг од Локалните избори 2017.
 
недела, 12 ноември 2017 - До 17 часот излезноста 34,9 отсто на ИМ 2901 во Чаир
Гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори се одвива непрекинато и без проблеми и дo 17 часот на гласање излегле 34,9 проценти од запишаните избирачи.
 
недела, 05 ноември 2017 - Управниот суд ги одби сите тужби од партиите
Управниот суд ги одби сите 16 тужби што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори што се одржаа на 29 октомври.
 
недела, 05 ноември 2017 - Управниот суд продолжува со разгледување на тужбите
Управниот суд денеска ќе донесе одлука за десет од вкупно 16 тужби, кои беа разгледани вчера и ќе ги разгледа преостанатите шест тужби поднесени во врска со вториот круг од локалните избори.
 
сабота, 04 ноември 2017 - Управниот суд разгледа десет од тужбите, одлуките се очекуваат утре
Управниот суд денеска разгледа десет од 16 тужби, поднесени во врска со вториот круг од локалните избори.
 
сабота, 04 ноември 2017 - Поднесени 16 тужби до Управниот суд за вториот круг од изборите
Вкупно 16 тужби од политички партии за вториот круг на локалните избори се поднесени до Управниот суд заклучно до денеска до 10 часот.
 
петок, 03 ноември 2017 - ДИК ги отфрли приговорите на БЕСА, Алијанса за Албанците и на НДМ
Државната изборна комисија синоќа на седница ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година.
 
четврток, 02 ноември 2017 - ДИК ги отфрли приговорите на БЕСА, Алијанса за Албанците и на НДМ
Државната изборна комисија вечерва на седница ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година.
 
четврток, 02 ноември 2017 - ДИК ќе одлучува по приговорите од вториот круг од локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година.
 
среда, 01 ноември 2017 - ДИК попладнево ќе ги разгледува приговорите од вториот круг од локалните избори
Државната изборна комисија попладнево ќе ги разгледа поднесените приговори од вториот кург на локалните избори што се одржа во неделата.
 
вторник, 31 октомври 2017 - Алијанса на Албанците поднесе 13 приговори до ДИК за гласањето во Струга
Алијансата на Албанците денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе 13 приговори за гласањето за градоначалник во вториот круг од локалните избори во Струга.
 
вторник, 31 октомври 2017 - Тече рокот за приговори за вториот круг од изборите
Партиите уште денеска можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локланите избори. На веб - страницата на Комисијата до утрово нема внесено приговори за вториот круг од изборите за градоначалници иако некои кандидати веќе најавија.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - Во Македонска Каменица победи нова политичка филозофија
Во Македонска Каменица вчера се испиша историја и победи нова политичка филозофија, истакна новата градоначалничка Соња Стаменкова во своето прво обраќање до јавноста.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - Ахмети прогласи победа, Села не ги признава резултатите
И Алијансата за Албанците останува во Владата, и министерството за здравство во нивни раце.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - Заев: Ова е голема победа на граѓаните, имавме демократски и фер избори
Груевски да ја прифати јасно изразената волја на граѓаните, изборите беа кристално чисти порача синоќа лидерот на СДСМ Зоран Заев, додека во седиштето на партијата скандираа „Цело Скопје сдсмовски град“.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - Жени ќе раководат со шест општини
Жени ќе раководат со шест од 80 општини во Македонија во кои се избираа градоначалници на локалните избори.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - По локалните избори промени во владиниот и во парламентарниот состав
Резултатите од двата круга од локалните избори во Македонија навестуваат промени и во владиниот и во парламентарниот состав.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - ОБСЕ/ОДИХР ќе даде првична оценка за вториот круг од локалните избори
Набљудувачката мисија на канцеларијата за демократски институции и човекови права - ОБСЕ/ОДИХР, денеска на прес-конференција ќе ги претстават првичните постизборни наоди и заклучоци од вториот круг од локалните избори.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - Во вториот изборен круг имало 12.284 неважечки ливчиња
Вкупно 12.284 неважечки гласачки ливчиња утврдила државната изборна комисија по преброени 100 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од локалните избори.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - Груевски не ги признава резултатите, бара предвремени избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски претходно соопшти дека не ги признава резултатите од локални избори, кои, како што рече, никогаш нема да ги смета за фер и демократски.
 
понеделник, 30 октомври 2017 - СДСМ освои 57 општини, ВМРО-ДПМНЕ 5, ДУИ 10, Алијансата 3
Убедлива победа на владејачката СДСМ и на вчера одржаниот втор круг од изборите.
 
недела, 29 октомври 2017 - Чичаковски: Изборите согласно Уставот, Изборниот законик и меѓународните стандарди
Државната изборна комисија (ДИК) ги спроведе Локалните избори во согласност со Уставот, Изборниот законик и позитивните прописи. Денеска имавме мирни, демократски и фер избори во кои граѓаните можеа слободно да го искористат своето избирачко право, оцени вечерва претседателот на ДИК Александар Чичаковски.
 
недела, 29 октомври 2017 - Касами: На овие избори ДУИ загуби и стана огранок на СДСМ
Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за огранок на СДСМ, вечерва изјави претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, додавајќи дека ако се земат предвид гласовите на Албанците ова партија има двојно повеќе гласови во споредба со ДУИ.
 
недела, 29 октомври 2017 - СДСМ:Денеска Македонија одбра живот за сите
Ви благодарам за одлучноста што ја покажавте и денеска, во вториот круг од изборите. Ви ја честитам победата, вам на сите граѓани на Македонија, победа со која СДСМ и коалицијата ги заокружуваат промените во сите општини на Република Македонија, истакна Миле Зечевиќ, шеф на изборен штаб на СДСМ за локални избори 2017.
 
недела, 29 октомври 2017 - Петров: Ќе бидам градоначалник на сите жители на Демир Капија
Ќе бидам градоначалник на сите жители на Демир Капија, рече вечерва кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Лазар Петров, кој прогласи победа.
 
недела, 29 октомври 2017 - ДИК: СДСМ води во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во три, ДУИ во седум
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од обработени речиси 1.247 од вкупно 1.517 избирачки места каде што се гласаше во вториот круг од Локалните избори, кандидатите на СДСМ водат во 19 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во три, на ДУИ во седум, на Алијансата за Албанците во три, а на ДПА во една општина.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12