- Немаме проблеми со играчите сите кои се тука се подготвени 100 отсто и немаме проблеми во тој дел. Не сакам да зборувам за добрите и лошите страни на АПОЕЛ. Во секоја екипа има и добри и лоши страни, рече Андреев.

За утрешниот ривал на македонскиот првак стратегот на Вардар изјави:

- Ги гледавме на неколку натпревари во Полска и се уверивме во нивниот квалитет. Шансите со 50-50, дојдовме по добар резултат и да победиме. Внимателно ја проанализиравме играта и се надевам дека утре ќе го покажеме тоа и на теренот што сме го анализирале. Атмосферата ќе биде тензична затоа што навивачите на АПОЕЛ сигурно дека ќе сакаат нивниот тим да победи.

Натпреварот АПОЕЛ – Вардар се игра утре со почеток во 19 часот по македонско време или во 20 по локално. /МИА

Датум на објава: понеделник, 13 јули 2015 во 21:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар