Екипата на Работнички во финалето на 23-тото издание на Купот на Македонија, одиграно вечерва на арената „Филип Втори’’ во Скопје, го победи Тетекс со 2:1.

Тетекс во финишот на првото полувреме, односно 45-минута,  со голот на Чурлинов поведе со 1:0.

Во второто полувреме,  Работнички заигра многу поофанзивно,  а таквата игра резултираше со гол на Баже Илиоски во 68-минута за израмнување на 1:1.

Само две минути подоцна (70), Тетекс остана со играч помалку на теренот,  откако Стојановски го заработи вториот жолт картон, автоматски црвен.

Тоа го искористија фудбалерите на Работнички и со голот на Марјан Алтипермаковски во 73-минута дојдоа до предност од 2:1, што беше и конечен резултат на финалниот меч.
За ''Романтичарите'' ова е четврти триумф во националниот Куп.

Првите два ги освоија 2008-ма и 2009-та година, а и овој пат, двапати во низа стигнуваат во трофејот, 2014-та и 2015-та година.

Датум на објава: среда, 20 мај 2015 во 22:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар