Севиља ја искористи предноста на домашниот терен и стигна до висока предност. Головите за шпанскиот клуб ги постигнаа Алекс Видал (17.минута и 52.минута) и Кевин Гамеиро (75.минута).

Во второто полуфинале Наполи и Днипро одиграа нерешено 1:1. Домаќинот Наполи поведе во 50.та минута со голот на Давид Лопез, а изедначи резервистот Јевен Селезнов во 81.та минута. Тој една минута претходно го замени Никола Калиниќ.

Реванш натпреварите се играат на 14.мај. /МИА

Датум на објава: петок, 08 мај 2015 во 10:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар