Еден од првите играчи на Мајами Хит во четвртокот беше примен во болница во Мајами поради здравствени проблеми . Доколку се потврди дека Бош има проблем со органите за дишење можно е за него оваа сезона во НБА лигата да биде завршена.

Паузата може да биде и подолга во зависност од резултатите кои ќе бидат познати по испитувањата.

Бош со екипата на Мајами освои два шампионски престена, а во јули потпиша нов договор со вредност од 118 милиони долари. Неговата екипа се наоѓа на осмото место на „Исток“ со биланс ос 22-30 (победи-порази) и неизвесно учество во плеј офот. /МИА

Датум на објава: петок, 20 февруари 2015 во 19:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар