-Фудбалот функционира по генерации. Во текот на последните години Шпанија имаше извонреден тим и создаде феноменални фудбалери, но на секој циклус му доаѓа крајот, нешто што веќе им се случи на Италија и Бразил, порача Шустер .

Славниот Шустер  потоа додаде:   -Германскиот фудбал се обидува да се искачи на врвот, првите натпревари донесоа изненадувачки резултати , но сепак има можност за пресврт. 
Реваншите во Мадрид и Барселона се играат вечерва и утре вечер во редовниот термин од 20 часот и 45 минути.

Датум на објава: вторник, 30 април 2013 во 19:18
Крсте Галевски

коментари

остави коментар