Во натпревар од 10.коло на Првата лига одигран во Кавадарци, Фени до победата од 90:79 дојде со подобра игра во второто полувреме, откако првото по изедначена и ефикасна игра заврши со 51:49 за кавадарчани.

Најпрецизен во победничката екипа беше Адам Кемп со 18 поени и 9 скокови, 17 поени дополни Караџовски, додека Амонс беше стрелец на 16 поени со 3 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки. Дабл-дабл учинок оствари Горан Гајовиќ со 14 поени и 10 скокови.

Кај МЗТ Скопје, нова брилијантна партија одигра Александар Цветковиќ со 18 поени, 10 асистенции и 5 скокови, а најпрецизен беше Сеад Шеховиќ со 20 поени и 5 скокови

По овој натпревар, Фени Индустри и МЗТ Скопје Аеродром се изедначија според учинокот на врвот на табелата со по 6 победи и 3 порази досега, исто колку што има и Куманово по 9 кола. Работнички има бод помалку, но и натпревар помалку, а следуваат Соколи и Кожув кои во меѓусебен дуел в петок ќе ја затворат календарската 2014 година

Датум на објава: среда, 17 декември 2014 во 22:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар