- Очекуваниот животен век на пациент кој не покажува невролошки подобрувања се движи од неколку месеци до неколку години. Соопштено ни е дека Шумахер не е повеќе во кома. Тоа не е вест. Сметам дека ова е погрешна интерпретација на она што се случува. Мораме да бидеме реални и да кажеме дека како одминува времето постојат се помали шанси неговата состојба да се подобри, изјави Хирштајн.

Германскиот возач по несреќата на скијање на 29 декември минатата година и тешката повреда на главата неколку месеци беше во кома. Се лекуваше во Гренобл и во Лозана, а последните два месеци сега се наоѓа на домашна нега која според англиските медиуми чини 100 илјади фунти неделно.

Последните информации од семејството на Шумахер беа дека неговата состојба се подобрува и дека тој можел да ја движи главата и да реагира на звуци, но и натаму е неподвижен. /МИА

Датум на објава: вторник, 04 ноември 2014 во 11:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар