Во првиот натпревар одигран попладнево Реал Мадрид убедливо со 4:0 ја победи Гранада на гостински терен.

Два гола за „Кралевите“ постигна Хамес Родригез, а по еден Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

На втората средба одиграна во Мадрид, шампионот Атлетико ја победи Кордоба со 4:2. Греизман постигна два гола,  а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Манџукиќ и Гарсија. Головите за Кордоба ги постигна Ѓилас.

Вечерва се играат уште два натпревара, Барселона - Селта Виго и Сосиедад – Малага.

Останатите двојки од ова коло ги сочинуваат:  Атлетик Билбао – Севиља, Виљареал – Валенсија, Леванте – Алмерија, Елче – Еспањол (недела) и Рајо Ваљекано – Еибар (понеделник).

Датум на објава: сабота, 01 ноември 2014 во 21:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар