Изненадување направи селекцијата на Албанија со триумфот во Лисабон над Португалија од 1:0, додека Полска со високи 7:0 славеше против Гибралтар, на првиот официјален натпревар на оваа земја. Победа од 1:0 на гости постигна и Романија против Грција, која поради казна играше пред празни трибини.

Резултати на синоќа одиграните натпревари од 1.коло од квалификациите за Европското првенство 2016:
Д група: Грузија – Република Ирска 1:2, Германија – Шкотска 2:1, Гибралтар – Полска 0:7.
Ф група: Унгарија – Северна Ирска 1:2, Фарски острови – Финска 1:3, Грција – Романија 0:1.
И група: Данска – Ерменија 2:1, Португалија – Албанија 0:1. Слободна е Србија.

Македонија натпреварот од 1.коло од квалификациите го игра вечерва од 20:45 часот во Валенсија против европскиот првак Шпанија. Покрај овој натпревар од Ц групата играат уште: Луксембург – Белорусија и Украина - Словачка.
Во другите групи вечерва на програмата се дуелите: Естонија – Словенија, Сан Марино – Литванија и Швајцарија – Англија (Е група), Русија – Лихтенштајн, Австрија – Шведска и Црна Гора – Молдавија (Г група).
Утре се играат натпревари во уште три групи.

Датум на објава: понеделник, 08 септември 2014 во 09:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар