Сан Лоренцо ноќеска во реваншот минимално со 1:0 го победи парагвајскиот Национал, но доволно за вкупен триумф по нерешените 0:0 на првата средба одиграна во Парагвај. Решавачкиот момент се случи во 35.минута кога Ортигоза погоди од пенал.

Победата на домаќините беше френетично прославена од навивачите кои по натпреварот се префрлија на улиците низ главниот аргентински град Буенос Аирес.

Датум на објава: четврток, 14 август 2014 во 16:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар