„Гордоста на Ирзаел“ на својот официјален сајт потврди дека искусниот тренер во иднина ќе биде прв асистент на тренерот Гај Гудес , кој на кормилото на освојувачот на Евролигата го наследни Дејвид Блат.

63 годишниот Гершон  го водеше Макаби до три европски титули, 2001 Супролига, 2004 и 2005 година Евролига.
Во минатите две сезони легендарниот Пини Гершон  беше без ангажман.

Инаку досегашниот стратег на Макаби Дејвид Блат е именуван за тренер на НБА лигашот Кливленд.

Датум на објава: вторник, 12 август 2014 во 12:16
Крсте Галевски

коментари

остави коментар