Цонга во првото полуфинале го совлада најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Французинот претходно го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија).

Противникот на Цонга во вечерашното финале до можност да се бори за трофејот во Торонто дојде по победата над Фелисијано Лопез извојувана ноќеска во два сета.

И Федерер, исто како Цонга, на својот ривал му препушти вкупно седум гемови, со таа разлика што првиот сет заврши 6:3, а вториот 6:4.

За Федерер финалето во „Роџерс Купот“ ќе биде 120. на турнирите во неговата кариера во која има освоено 79 трофеи од кои 21 на Мастерс 1000 сериите.

Цонга по третпат ќе игра финале на Мастерс 1000, од кои има една титула. Досега во 15-те меѓусебни мечеви билансот е 11-4 за Швајцарецот. Финалето во Торонто е вечерва од 21 часот. 

Датум на објава: недела, 10 август 2014 во 09:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар