Дел од медиумите во Шпанија денеска ја пренесоа информацијата дека Каталонците го нудат Алексис Санчез плус 30 милиони фунти за Уругваецот кој поради казна предвреме го заврши настапот на Мундијалот во Бразил.

Суарез наводно бил задоволен од условите понудени од Барселона, а раководството на каталонскиот тим најави ангажирање психолог во обид да му помогне околу контролирањето на непримерното однесување.

Уругваецот има одлична сезона зад себе, беше прв стрелец во Премиер лигата, меѓутоа се падна во сенка по третиот инцидент со гризење на противнички играч по што ФИФА му изрече четиримесечна суспензија од секакви активности поврзани со фудбалот.

Датум на објава: недела, 29 јуни 2014 во 17:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар