Грчкиот шампион ја  победи Барселона во „Блауграна“ со 66:65 (16:11; 11:21; 21:18 и 18:15) и го добија вториот дуел против Каталонците кој исто како и првиот имаше драматична завршница.

При водство на Барселона од 65:63, Димитрис Дијамантидис погоди тројка, а домаќините преку Наваро не го реализираа последниот напад.

Најефикасни во победничкиот состав беа Џејмс Гист со 14 и Мајкл Брамос со 13 поени, додека за Барселона Хуан Карлос Наваро уфрли 20 поени.

Следуваат два натпревара во Атина на кои Панатинаикос ќе се обиде да го искористи домашниот терен и со две победи да обезбеди пласман на „Фајнл фор“.

Вторите натпревари од другите три четвртфинални пресметки во серијата прв до три победи се играат вечерва. На сите три домаќините водат со 1:0 во победи.

Двојките се: ЦСКА Москва - Каха Лаборал, Олимпијакос - Анадолу Ефес и Реал Мадрид - Макаби.

Датум на објава: петок, 12 април 2013 во 09:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар