Во интервју за ББЦ српскиот интернационалец кој следната сезона ќе го носи дресот на Интер, наведе дека во текот на сезоната имало несогласувања меѓу фудбалерите  поради лошите резултати на клубот, но и дека немало бојкот кон Мојс.

„Нема збор за тоа дека фудбалерите го бојкотираа Мојс, работеа се што од нив се бараше. Понекогаш работите одат добро, понекогаш не, но желбата секогаш беше тука , фудбалерите секогаш даваа се од себе“ изјави Видиќ. 

Искусниот Видиќ потоа дополни дека ниту во еден миг никој од фудбалерите немал замерки за системот на работа на менаџерот Мојс, и дека сите го почитувале шкотскиот стручњак.
-Не можам да кажам  дека има некоја работа која беше клучна за нашите лоши резултати. Се не се случи во една недела, бевме во транзиција. Сите имаа свои идеи и свои визии , доволно добро не се адаптиравме на таа ситуација , истакна Видиќ.

Датум на објава: среда, 14 мај 2014 во 10:56
Крсте Галевски

коментари

остави коментар