До големиот триумф на теренот на противникот загрепчани дојдоа со серијата од 10:0 во последните минути од натпреварот со што фатија резултатски приклучок по високото водство од 12 поени на белградските „црно-бели“.

Ниту 25-те поени на Александар Павловиќ не беа доволни Партизан да го избегне поразот. Кај гостите најефикасен беше Миро Билан со 14 поени.

Во финалето на регионалното натпреварување закажано за утре за првпат ќе има хрватско финале, бидејќи Цибона во четвртокот во првиот натпревар на „Фајнл фор“ турнирот ја победи Црвена Звезда. /Извор: МИА/

Датум на објава: сабота, 26 април 2014 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар