Барселона неодамна беше елиминирана од Атлетико Мадрид од четврт-финалето на Лигата на шампионите , а потоа со поразот од Гранада падна на третата позиција на табелата во Примара дивизионот.

-Имама сила и квалитет да го освоиме трофејот во Купот, но ќе мора да го одиграме најдобриот меч против големиот ривал. Освојувањето на Купот би ни донесол радост и секако спас на сезоната. Сепак  тоа не може да го избрише фактот дека сме елиминирани од ЛШ, изјави Иниеста.
Шпанскиот ас и покрај заостатокот од 4 бодови зад Атлетико смета дека Барса има се уште шанси да ја одбрани титулата .

„Се уште сме во трка за титулата, деталната анализа ќе ја оставиме за крајот на сезоната. Секакао, животот е поубав кога се победува и кога се е во ред. Сепак мора да бидеме самокритични, порача Иниеста.

Големото финале во Купот на Кралот меѓу вечните ривали Барселона и Реал Мадрид се игра вечерва на Местаља во Валенсија од 21 часот и 30 минути.

Датум на објава: среда, 16 април 2014 во 10:34
Крсте Галевски

коментари

остави коментар