Денвер го совлада Голден Стејт во неизвесна завршница. Кенет Фарид на половина секунда до крајот погоди за победа на својата екипа од 100:99, а најпрвин Стефан Кари на 4.7 секунди донесе водство за Голден Стејт, кое се покажа недоволно за триумф. Најдобар поединец на натпреварот беше Тимофеј Мозгов кој имаше 29 скокови и 23 поени.

На вториот дуел Сан Антонио го победи Далас со 109:100 и со тоа стана 13.та екипа во историјата на НБА што во сезоната има постигнато 30 победи на гости. „Мамузите“ се многу блиску оваа сезона да завршат со најдобар биланс и да го имаат бројот 1.

Вечерва се играат 13 натпревари: Орландо - Вашингтон, Торонто - Њујорк, Бостон - Шарлот, Бруклин - Атланта, Мајами - Индијана, Чикаго - Детроит, Мемфис - Филаделфија, Минесота - Хјустон, Оклахома Сити - Њу Орлеанс, Милвоки - Кливленд, Сан Антонио - Феникс, Јута - Портланд и ЛА Лејкерс - Голден Стејт.

Пласман Источна конференција: Индијана 54-25 (победи-порази), Мајами 53-25, Торонто 46-32, Чикаго 46-32, Бруклин 43-35, Шарлот 40-38, Вашингтон 40-38, Атланта 35-43, Њујорк 33-45,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 61-18, Оклахома Сити 57-21, ЛА Клиперс 55-24, Хјустон 52-26, Портланд 51-28, Голден Стејт 48-30, Феникс 47-31, Далас 48-32, Мемфис 46-32,... /Извор: МИА/

Датум на објава: петок, 11 април 2014 во 09:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар