Германскиот тим Кил ја потврди улогата фаворит и славеше со 31:28, а најефикасни со по 7 голови беа Филип Јиха и Марко Вујин.

Во осминафиналето ќе се одиграат и два натпревара во Скопје. Во сабота ќе гостува европскиот првак Хамбург против Вардар, додека во недела Металург е домаќин на Колдинг.

Распоред на другите осминафинални натпревари:

Вардар – Хамбург, Горење – ПСЖ, Киелце – Рајн Некар Ловен (сабота), Металург – Колдинг, Алборг – Барселона, Висла – Веспрем и Цеље – Флензбург (недела). /Извор: МИА/

Датум на објава: петок, 21 март 2014 во 09:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар