Арсенал поведе со голот на Месут Озил во 7.минута. Со овој гол Озил го прекина „постот“ од три месеци без гол (последниот го постигна против Евертон во Премиер лигата). Гостите од Ливерпул (Евертон) изедначија преку Ромелу Лукаку во 32.минута. Микел Артета во 67.минута од пенал зголеми на 2:1. Последните два гола за „топџиите“ ги постигна Оливие Жиру во 83.та и 85.та минута.

Утре се играат другите четвртфинални натпревари од ова натпреварување, а двојките се: Шефилд Јунајтед – Чарлтон, Хал – Сандерленд и Манчестер Сити – Виган, што е реприза на ланското финале од ФА купот во кое победи Виган.

Датум на објава: сабота, 08 март 2014 во 16:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар