Поразот на Хоризонт Турново во Штип, го искористи Вардар кој со минималната победа во Кичево кај Напредок ја презеде првата позиција на првенствената табела.

Фудбалерите на Работнички славеа убедлива победа против Пелистер во дерби дуелот по што „Романтичарите’’ се пробија на третото место.

Предноста на домашниот терен ја искористи Металург за минимална победа против Ренова, додека Еуромилк на гости го совлада последно пласираниот Гостивар.

Првото пролетно коло ќе биде комплетирано утре со средбата Шкендија – Македонија ЃП.

Прва лига - 20.коло
Брегалница - Хоризонт Турново 2:0.
Гостивар – Еуромилк 0:2
Металург – Ренова 1:0
Напредок – Вардар 0:1
Работнички – Пелистер 4:0
Шкендија - Македонија ЃП (недела од 14 часот)

Табела:
1. Вардар 37 бодови,
2. Хоризонт Турново 34,
3. Работнички 34,
4. Пелистер 34,
5. Металург 33,
6. Ренова 27,
7. Еуромилк 26,
8. Брегалница 25,
9. Шкендија 23 (-1 натпревар помалку),
10. Македонија ЃП 19 (-1),
11. Напредок 13 и
12. Гостивар 11. /Извор: МИА/

Датум на објава: сабота, 01 март 2014 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар