Со триумф вардарци најавуваат дека ќе се обидат да го подобрат моменталниот пласман во групата (4. место).

- Ова е натпревар, кој нема таков притисок како претходниот со Динамо Минск. Но, ќе биде можност и да пробаме некои новитети, сепак ќе мораме да играме со ист интензитет како со Динамо Минск. Вакер Тун е хомоген тим, кој во последниот дуел со Барселона одигра добри 25 минути. Едноставно тие се тим кои немаат што да загубат и ќе играат добро, изјави на денешната прес-конференција тренерот на „црвено-црните“ шпанецот Раул Гонзалез Гутиерез.

Капитенот на „црвено-црните“ Филип Лазаров очекува неизвесен дуел.

- Вакер Тун од старот на Лигата на шампионите е аутсајдер во групата, а впрочем имаат и само еден освоен бод и тоа тука во Скопје против Металург. Можеби ќе бараат шанса за уште едно изненадување на овој терен, рече тој.

Натпреварот Вардар – Вакер Тун се игра во недела со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Датум на објава: петок, 14 февруари 2014 во 15:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар