Италијанскиот репрезентативец во Јувентус ќе игра како позајмен фудбалер  до крајот на сезоната , со можност  за трансфер вреден 15 милиони фунти во летиот преоден рок.

Пристигнувањето на Освалдо во Торино најверојатно ќе значи заминување на Црногорецот Мирко Вучиниќ од Јувентус. Според последните шпекулации  капитенот на Црна гора е најблиску до трансфер  во Арсенал, Интер или Валенсија.

„Освалдо ни се допаѓа . Тој е извонреден фудбалер. Но за да купиме некого ,прво мораме да продадеме некој фудбалер. Вучиниќ? Ќе замине само ако самиот побара“, изјави директорот на Јувентус Џузепе Марота , ден пред пристигнувањето на Освалдо на медицински прегледи во Торино.
28 годишниот  Освалдо е роден во Буенос Аирес во Аргентина но има играно само за селекцијата на Италија.

Освалдо кој кариерата ја започна во аргентинскиот  Хуракан,  покрај во Саутемптон го носел дресот и на италијанските Аталанта, Лече, Фиорентина , Болоња и Рома ,а има играно и за шпански Еспањол.

Сезонава во Премиер лигата  за Саутемптон, Освалдо  има одиграно 12 средби на кои постигна три гола.  

Датум на објава: петок, 31 јануари 2014 во 12:28
Крсте Галевски

коментари

остави коментар