Сепак ФИФА му наложи на Косовскиот фудбалски сојуз нивната репрезентација да не ги користи националните обележја. Значи на натпреварите нема да бидат интонирани државните химни и нема официјално да се истакнуваат државните знамиња.

Освен забраната за користењето на националните симболи, косовската репрезентација нема да може да игра натпревари против селекциите од поранешна Југославија.

Според најавите првата официјална пријателска средба Косово би можело да ја одигра на 5 март, а потенцијални противници му се Шведска, САД, Холандија и Бугарија.

Дозволата за играње натпревари на Косово под „капата“ на ФИФА ја оспоруваше ФС Србија со образложение дека оваа држава се уште не е признаена од ООН.

Нови одлуки околу овој спор може да се очекуваат во март за кога е закажана седница на Извршниот одбор на ФИФА.

Датум на објава: понеделник, 13 јануари 2014 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар