Кај „металците“ во однос на последниот натпревар во составот ќе го нема Џастин Рејнолдс, со кого клубот ја прекина соработката. Во тимот на „црвено-белите“ поради повреда ќе отсуствува Лука Митровиќ.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а почнува во 17 часот.

На другите натпревари од 12. коло одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Игокеа - Цедевита 96:89 (продолжение), Цибона - Широки 91:80, Крка - Унион Олимпија 67:63 (продолжение), Задар - Раднички 89:76 и Мега Визура - Шолнок 95:89.

Денеска се игра и натпреварот Партизан - Будуќност.

Табела: Црвена Звезда 9-2 (победи-порази), Цибона 8-4, Цедевита 8-4, Игокеа 8-4, Партизан 8-3, Будуќност 7-4, Мега Визура 6-6, Крка 5-7, Задар 5-7, Раднички 4-8, Шолнок 4-8, МЗТ Скопје Аеродром 4-7, Унион Олимпија 3-9, Широки 3-9. 


 

Датум на објава: недела, 15 декември 2013 во 09:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар