Во решавачкиот меч Радек Штепанек со 3:0 во сетови го победи српскиот тенисер Душан Лајовиќ.

Во текот на мечот Штепанек доминираше и го искористи своето искуство во вакви дуели за разлика од противникот. Штепанек на Лајовиќ му препушти само пет гема во решавачкиот меч.

Во првиот меч денеска Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови го победи Томаш Бердих и тогаш изедначи на 2:2, со што финалето мораше да се решава во последниот меч.

Со оваа победа Чешка ја одбрани титулата освоена минатата година и за нив ова е трета титула во Дејвис купот, откако првата ја освоија во 1980 година како дел од Чехословачка.



Датум на објава: недела, 17 ноември 2013 во 20:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар