Вoдечките од АТП и ВТА листата Рафаел Надал и Серена Вилијамс се тенисерот и тенисерката со најголема заработка во белиот спорт во 2013 година.

Тенисерот со најголема заработка од турнирите во 2013 година е предводникот на листата на најдобрите тенисер во светот Рафаел Надал со 10 880 109 долари, на втората позиција со два милиони помала заработка е Новак Ѓоковиќ ,а далеку зад нив се Енди Мараи со  5.416.221, Давид Ферер(3.591647) , Хуан Мартин дел Потро(3.519.614)  и Томаш Бердих со 2.257.981долари. На седмата позиција со 2  194.811 доалри е легендарниот Швајцарец Роџер Федерер.

Годинава од турнирите сепак најмногу заработила најдобрата светска тенисерка Американката Серена Вилијамс.

Извонредната Серана  годинава само од наградите на турнирите на кој најчесто победуваше заработи точно 12 385 572 долари , далеку зад неа на второто место со заработка од  „само“ 6 497165 е Викторија Азаренка.

По нив следуваат На Ли со 3.982.485, Шарапова со 3.544.222, Радванска 3.118.332  со заработка поголема од 3 милиони долари е и Сара Ерани (3.073.992)

Датум на објава: вторник, 29 октомври 2013 во 12:37
Крсте Галевски

коментари

остави коментар